Решенија
-
Мега Инженеринг: Располагаме со потребната технолошка опрема за производство на електрични табли
Докажаната инженеринг фирма Мега Инженеринг располага со технички и технолошки можности за изработка на метални електрични табли, ормани, сталажи, кутии од челик и нерѓосувачки челик, дозна BalkanEngineer.com. „Благодарение на расположливата технолошка опрема можеме да ги извршиме сите операции поврзани со изработката на овој вид опрема. На овој начин им нудиме на нашите клиенти современ, сигурен производ кој ги задоволува сите барања“, информираа од централната канцеларија на компанијата.
2017-06-08Прочитај ја статијата
-
Со робот на Fanuc во нова лабораторија ќе се обучуваат студентите од Техничкиот универзитет – Габрово
Техничкиот универзитет - Габрово, Бугарија, ја отвори својата најнова лабораторија кон катедрата „Автоматизација, информатичка и управувачка техника" (АИУТ), во која студентите ќе можат да се обучуваат на индустриски робот, доставен од јапонскиот пазарен лидер Fanuc. „Сакам да се заблагодарам на довербата која ни покажа ТУ -Габрово. Тој е една од најактивните високообразовни институции во Бугарија, а опремата на лабораторијата е уште еден важен чекор кон зголемување на квалитетот на обуката на идните технички специјалисти“, изјави инж. Христо Гилиштаров од централата на Fanuc за Југоисточна Европа.
2017-06-06Прочитај ја статијата
-
Инженеринг на системи за далечинско управување и енергетски менаџмент од Т и Д Инженеринг
Т и Д Инженеринг ДООЕЛ е докажана инженеринг фирма што работи во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. Дејноста на компанијата опфаќа различни сфери од проектирањето, производството и услугите. „Една од областите во кој работиме со години и имаме повеќе успешно спроведени проекти, е извршување на целосен инженеринг на комплетни (глобални) системи за далечинско управување, далечинска сигнализација и енергетски менаџмент“, информираа за BalkanEngineer.com од фирмата.
2017-06-06Прочитај ја статијата
-
Филкаб Солар изгради фотоволтаична инсталација за фарма со високоефикасни PERC модули
Докажаната инженерска компанија во областа на ОИЕ Филкаб Солар изгради фотоволтаична централа за сточарска фарма во бугарското село Устина. Системот со моќност 163.90 kWp е составен од поликристални фотоволтаични модули и е опремен со систем за динамично управување. „Ги користевме актуелните PERC модули. Ова е последниот тренд во областа, бидејќи се зголемува ефикасноста на фотоволтаичната ќелија и се намалуваат трошоците“, коментираа пред BalkanEngineer.com од МаккаБ ДООЕЛ, дел од групата на Филкаб.
2017-06-05Прочитај ја статијата
-
Старт Инженеринг изгради ТПС Симеоновград и Свиленград по проект со НКЖИ
На крајот на месец март беше потпишан записник број 16 за изградените од фирма Старт Инженеринг објекти на територијата на бугарската општина Симеоновград кои вклучуваат трафостаница за шински возила Симеоновград, пристапен пат до неа, трафостаница и водовод, како и далноводи од 110 kV со вкупна должина над 12 километри. По успешното примопредавање на градежниот објект, се одржа церемонија за финализирањето на проектот „Реконструкција и електрификација на железничката пруга Димитровград – Свиленград“
2017-05-10Прочитај ја статијата
-
Wilo ги презентира Yonos ECO BMS – компактните пумпи со автоматско прилагодување на моќноста
Претставништвото на водечкиот германски производител Wilo во Македонија претстави уште еден атрактивен производ. Циркулационите пумпи на Wilo од серијата Yonos ECO BMS се погодни за циркулациони системи за греење, системи за ладење од затворен тип, климатски и индустриски циркулациони системи. Конструкцијата на пумпите е со воден ротор со навојни приклучоци. Повеќе за предлогот на Wilo ќе дознаете од следниот материјал на BalkanEngineer.com.
2017-05-10Прочитај ја статијата
-
WAGO презентира нов концепт за автоматизација на настан во Софија на почетокот на месец април
ТР ВАГО Контакттехник, претставништво на лидерот во производството на производи за електротехника, електроника, автоматика, станбена и индустриска автоматизација WAGO Kontakttechnik, одржа серија презентации во Софија, во неделата од 3-ти до 7-ми април 2017 година. Wago презентира квалитетно нов концепт за автоматизација, базиран на т.н. „Application“ контролери, како и проширување на системот за автоматизација за екстремна средина XTR. Гостин - предавач беше г-дин Вадим Гилерт од одделот „Бизнис развој - насока Автоматизација“.
2017-05-09Прочитај ја статијата
-
Мега Инженеринг: Создаваме индивидуални програми за автоматизација на процеси
Докажаната инженерска фирма во областа на индустриската автоматизација Мега Инженеринг им нуди на своите клиенти разработка на индивидуални програми за автоматизација на индустриски процеси, информираа за BalkanEngineer.com од централната канцеларија на компанијата. „Ги разработуваме програмите согласно важечките светски стандарди за создавање на програми за контролери и софтверски апликации за следење, контрола и управување“, прецизираа од Мега Инженеринг.
2017-05-09Прочитај ја статијата
-
Иновативен дискусионен формат и визијата за Фабрика 4.0 го наградија учеството на СолТех на MachTech 2017
Последователното учество на фирма СолТех ДООЕЛ на специјализираниот технички саем MаchTech 2017, што се одржа во бугарскиот главен град Софија, стави акцент на иновативен дискусионен формат под слоганот „Вашата Фабрика 4.0: Дијалог со експерти“. Компанијата, комплексен снабдувач на решенија, од проектирањето до производството, го посвети својот настап на форумот на концептот Фабрика 4.0. Акцентите на штандот вклучуваа разработки на водечките партнери на СолТех - Universal Robots, Siemens PLM и Hoffmann.
2017-05-05Прочитај ја статијата
-
Обработувачки центар VP-8 на Tongtai го привлече вниманието на штандот на Лазатек во рамките на MachTech 2017
Фирма Лазатек, докажан испорачувач на алатни машини и опрема за нив, повторно имаше успешно учество на големиот саем MachTech & InnoTech што се одржа во деновите од 4 до 7 април 2017 година во Интер Експо Центар во Софија. За време на настанот компанијата го истакна своето ново партнерство со тајванскиот производител Tongtai Machine Tools, а меѓу експонатите на нејзиниот штанд за прв пат беше прикажан висококвалитетен вертикален обработувачки центар VP-8.
2017-05-05Прочитај ја статијата