Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Иновативен дискусионен формат и визијата за Фабрика 4.0 го наградија учеството на СолТех на MachTech 2017

05 may 2017

In Bulgarian.

 

Последователното учество на фирма СолТех ДООЕЛ на специјализираниот технички саем MаchTech 2017, што се одржа во бугарскиот главен град Софија, стави акцент на иновативен дискусионен формат под слоганот „Вашата Фабрика 4.0: Дијалог со експерти“. Компанијата, комплексен снабдувач на решенија, од проектирањето до производството, го посвети својот настап на форумот на концептот Фабрика 4.0. Акцентите на штандот вклучуваа разработки на водечките партнери на СолТех - Universal Robots, Siemens PLM и Hoffmann.

 

 

Меѓу запаметените атракции беше можноста за виртуелна 3D прошетка низ даден проект уште пред неговата реализација. За време на саемот два од колаборативните роботи на Universal Robots се трудеа на штандот на СолТех, а гостите беа пречекувани со чаша топло кафе, приготвено од едниот робот, а оние кои сакаа, можеа да одиграат партија шах против другиот.

 

Акцент беа и индустриските шкафови Garant Tool24 на Hoffmann. „Предностите на овој конкретен тип решение вклучуваат брз и интуитивен пристап преку пин код/ ​​лозинка, чип или отпечаток од прст, како и бројни можности за врска - преку мрежен интерфејс, кој овозможува поврзување кон мрежата на компанијата, врска со ERP системи, како и со надворешен простор за складирање“, коментираа од СолТех.

 

 

Учеството на фирмата на MаchTech премина во иновативен дискусионен формат. „Индустрија 4.0. е љубопитна и актуелни тема која ги возбудува сите кои имаат интерес кон модерната индустријализација, вклучувајќи во себе опрема, автоматизација, претходно планирање на производствениот процес и облачните услуги во индустријата. Затоа бевме поканиле светски познати предавачи, а нашите гостите  имаа можност да бидат активни и да поставуваат прашања кои ги интересираат“, додадоа во заклучок уште од компанијата.

 

 

Трговска канцеларија

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. "Кукленско шосе” 21

Телефон: +359 32 500 425, +359 877 707 954

E-mail: sales@soltec.bg

 

 

Извор на фотографии: Инженер.bg, СолТех

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »