Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.
„Го претставивме колаборативниот робот Stackbot – универзално решение за палетизација на големи кутии, наменето да ја подобри продуктивноста во современите логистички операции. Така е наречен бидејќи кога ќе се купи и интегрира, веднаш се претвора во дел од тимот. Тој секогаш стои на крајот од производствената линија. Кога излегува готовиот производ, да речеме голема кутија, Stackbot ја зема и јараспоредува според штелувањата направени од операторот. Секако, распоредувањето може целосно да се прилагоди на барањата и потребите на клиентот“, раскажаа од Бетелгиус.
Технички спецификација на роботизизираниот систем Stackbot:
- Капацитет: 18 kg;
- Димензија на палетите: до 1200x1000 mm;
- Две зони за палетизација;
- Висина на палетизација: до 2600 mm;
- Софтвер за палетизација;
- Интуитивен екран на допир од 15";
- Локатори на палети со сензори;
- Пневматски или електричен уред за зафаќање;
- Две мултифункционални LED светла;
- Држач за разделници.
„Поседуваме уникатен софтвер разработен од нашиот тим, со помошта на кој со Stackbot може да се конфигурира нов производ, нов начин на распоредување на производот. И сето тоа во рамките на 5 минути, што е исклучително конкурентна предност. „Без нашиот софтвер, на компетентен и искусен оператор за роботика за штелување ќе му требаа од 1 до 3 дена“, објаснија од тимот на инженеринг компанијата.
Адреса: Бугарија, Божуриште 2227, Индустриска зона Божуриште, ул.„Симеон Петров“ бр.16.
Телефон: +3592/809 01 23; +3592/809 01 30
Е-пошта: sales@betelgeus.com
Извор на фотографии: Инженер.БГ