-
Следејќи го своето мото повеќе од 75 години „Одговорност за енергијата и животната средина“,Hoval се докажа како пионер во развојот на гасни кондензациони котли - овој високотехнолошки сегмент на пазарот, каде што поседува и голем број на патенти. Во областа на климатската техника, компанијата ги фокусира своите напори во развојот на автономни децентрализирани системи за греење, вентилација и рекуперацијата на топлината во едноволуменски трговски, јавни и индустриски згради. Преку поврзувањето на техника за греење и климатизација во единствен систем, Hoval на своите клиенти им нуди решенија со краткорочен поврат на инвестицијата и повеќегодишни заштеди од трошок за енергија.
-
Компанијата OVENTROP е основана во 1851 година и денес е еден од водечките производители на вентили, регулатори и системи за греење и климатизација - термостатски радијаторски вентили и глави; вентили за хидрауличен и температурен баланс; групи за пумпање; филтри, деаератори и вентили за нафтена индустрија; гас - вентили; вентили за вода за пиење; комплетни системи за површинско греење и ладење; цевки и фитинзи за нив; комплетни системи за изградба на соларни инсталации.
-
SAER Elettropompe е водечки италијански производител и снабдувач на површински и потопни пумпи и мотори, со повеќе од 70 години искуство и традиции на италијанскиот и меѓународниот пазар. Како докажан специјалист во секторот за водовод и канализација, SAER им обезбедува на своите клиенти и партнери комплетни иновативни решенија, максимална флексибилност и ефикасност со гаранција за квалитет „Made in Italy“.
-
Wilo Претставништво Скопје е претставништво на меѓународно етаблираната германска компанија Wilo Group - водечки производител на пумпи, пумпни системи за греење, климатизација, водоснабдување, отпадни и дренажа води. Со повеќе од 140-годишна историја компанијата е силно посветена на истражување и развој и во последно време се почесто нуди на пазарот комплетни индивидуални решенија, а не само одделни производи.
-
АББ Блгарија е дел од мултинационалните гигант ABB Group (ABBN: SIX Swiss Ex) - иновативен технолошки лидер во областа на производите за снабдување со електрична енергија и електрична опрема, роботика и погони, индустриска автоматизација и енергетски мрежи, кои послужуваат комунални, индустриски, транспортни и инфраструктурни клиенти од целиот свет. Продолжувајќи ја својата над 125-годишна историја во иновациите, AББ денес ја пишува иднината на индустриската дигитализацијата со две насоки со јасна вредност: обезбедување на електрична енергија од секоја електрана до секој електричен штекер и автоматизирање на сите индустриски гранки од природни ресурси до готови производи.
-
Адара Инженеринг ДООЕЛ е докажана европска трговска инженеринг компанија со дејност во областа на вакуум – пумпи и системи, водни пумпи и пумпни системи, специјални пумпи и ниско и средно напонска автоматика. Компанијата е официјален застапник за територијата на Македонија на германската компанија BUSCH – европски лидер на вакуум – пумпи и системи.
-
Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ е филијала на водечкиот германски производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC). Компанијата се занимава со развој и производство на електроника за системи за климатизација во автомобилскиот сектор. Во групата ВНТС се вработени повеќе од 1700 лица кои работат како во централата во Германија, така и во Бугарија, Кина, Индија, Јапонија, САД и Мексико.
-
Би Ту Ен ДООЕЛ (B2N Ltd) е докажана компанија на пазарот за 3D технологија. Компанијата е лидер во увозот, дистрибуцијата, имплементацијата и обуката кај 3D производите, што наоѓаат широка примена во инженерството, архитектурата, роботиката, медицината, телевизијата и игрите, уметноста, возилата, модата и многу повеќе.
-
Булгартел Скопје е подружница на телекомуникацискиот оператор Булгартел, поседува сопствена мрежа за обезбедување на телекомуникациски услуги на територијата на Бугарија, Балканскиот полуостров и Европа. Булгартел Скопје обезбедува телекомуникациски услуги на територијата на Република Македонија и соседните земји, вклучувајќи ги Косово, Албанија и други.
-
Основано во 1992 година, друштвото ВЕНИ и Ко е специјализирано за проектирање, производство и реализација на магацински машини и помошни средства кои ја елиминираат или олеснуваат физичката работа при работа во магацини и вршење на активности при утовар - истовар. Во моментот се реализирани над 4400 парчиња магацински машини во Бугарија, Македонија, Србија, Романија и др.