-
Смарт Енерџи Груп АД е групација на добро етаблирани компании во областа на инженерингот, градежништвото и производството како на електрична енергија од обновливи извори на енергија, така и на висококвалитетни фотонапонски панели.
-
СолТех е водечки снабдувач на Балканот, кој нуди комплексни решенија – од проектирањето, низ инструментално екипирање и инструментите, до производството на детали и јазли. СолТех е официјален претставник на HOFFMANN GROUP – водечката европска компанија за висококвалитетни инструменти со своите брендови Garant и Holex. Покрај нив се нудат производите на над 500 од водечките производители во светот.
-
СпејсКад ДОО е бугарска компанија основана во 1996 година како дел од Давид Холдинг. Фирмата е снабдувач и системски интегратор на софтверски решенија и хардвер за проектирање, CNC производство, индустриска автоматизација и роботи, обезбедувајќи инженеринг услуги за разработка и производство на производи со висока додадена вредност.
Меѓу корисниците на СпејсКад се компании од Бугарија, Северна Македонија, Австрија, Швајцарија, Турција, Србија, Црна Гора, Виетнам и други.
-
Стам Лтд е новото име и директен наследник на долгогодишната активност на докажаната бугарска компанија Сторакт БГ. Компанијата е специјализирана за проектирање, испорака, монтажа, сервис и комплетен инженеринг на сите типови магацински системи.
-
Старт Инженеринг АД е водечки лидер во областа на проектирање, монтажа, имплементација на нови технологии, автоматизација и пуштање во работа и прилагодување на големи енергетски и индустриски објекти. Насоките во кои фирмата е специјализирана се: контролни мерни уреди и автоматизација, греење, вентилација и климатизација, производна активност, електрична апаратура и опрема, монтажа, консалтинг.
-
Т и Д Инженеринг е водечка европска компанија со дејност инженеринг во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. Поспецијално таа се занимава со изградба на индустриски мрежи од програмабилни контролери и средства за автоматизација, како и системи за далечинско управување и далечинска сигнализација во енергетиката и индустријата.
-
Теси ДОО е водечки производител на електрични бојлери, бојлери со индиректно загревање и апарати за загревање на домот. Компанијата е дел од Фикосота Холдинг, а нејзините производствени капацитети се наоѓаат во градовите Шумен и Смјадово. Во моментов, компанијата се здоби со репутација како четврти најголем производител во Европа на апарати за загревање и електрични бојлери со капацитет од 1,2 милиони бојлери годишно.
-
ТП ВАГО Контакттехник е застапништво на германската компанија WAGO Kontakttechnik GmbH & Co. KG за територијата на Македонија, како и соседните држави Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора. WAGO е лидер во производството на производи за електротехника, електроника, автоматика, станбена и индустриска автоматизација.
-
Унисист ДОО обединува 3 лаборатории - Овластено тело за проценка на сообразност на средства за мерење, Овластена лабораторија за верификација на средства за мерење и Акредитирана лабораторија за калибрација на средства за мерење. Еден од главните стремежи на компанијата е континуирано подобрување на квалитетот на понудените услуги.
-
Унисист Инженеринг ДООЕЛ е бугарска производствена, инженеринг и трговска компанија специјализирана за развој и производство на опрема и системи за автоматизација заснована на модерна база на елементи и употреба на современи технологии. Во изминатите години Унисист Инженеринг се етаблира како пожелен партнер на големите индустриски претпријатија во Бугарија.