СпејсКад тесно соработува со Siemens Digital Industry Software и е партнер на голем број докажани производители на технолошки решенија, вклучително роботи, меѓу кои: 3D Systems, Quinx, Zuken, Zoller, ESI, Moldex 3D, Fauser AG, KUKA.
Решенијата што ги нуди СпејсКад се:
- Инженеринг услуги по нарачка на клиентот - инженеринг дизајн, симулации и оптимизација на различни технолошки процеси;
- Специјализирани обуки за потребите на производствените компании;
- Директно 3D печатење во метал - директно од 3D фајл на модел, намалувајќи го времето на производство и елиминирајќи ја потребата од скапа алатна опрема;
- Штелување и разработка на нови постпроцесори и симулациски модели. Разработени се повеќе од 100 постпроцесори, подготвени за работа во реално производство;
- Технологија за 3D реверзибилно моделирање - создавање на точен 3D CAD модел за последователна модификација, модернизација, симулација, анализи и генерирање на документација за производство и монтажа;
- 3D скенирање и генерирање на 3D фајл;
- Оптимизација на производни процеси со решенијата на KUKA и OnRobot;
- CAD/CAM/CAE и PLM СОФТВЕР;
- Индустриски роботи, 3Д принтери/скенери;
- DataFRUIT IIoT.
- Главни области на примена на решенијата:
- Дигитализација на производства со CNC машини;
- Проектирање, симулација и оптимизација на производи;
- Симулација и оптимизација на производствени технологии;
- Изградба на роботизирани производствени ќелии и делови;
- Адитивно производство со 3D печатење на метални и пластични единици и детали;
- Реверзибилно проектирање и метролошка контрола преку 3D скенирање.