In Bulgarian In Serbian
Како водечки испорачувач и системски интегратор на софтверски и хардверски решенија за проектирање, индустриска автоматизација и роботи, SpaceCAD им ги претстави специјално на читателите на Balkanengineer.com најважните предности на индустриските софтвери DNC 5000, MDC 4000 и Siemens NX CAM во нивната примена во производства со CNC машини. „Компензирање на растот на цените на металите, електричната енергија и суровините за производство е можно преку подобрување на ефикасноста на CNC производствата. Слично амбициозно барање може да се реализира имено преку софтвери за управување“, коментираа од компанијата.
Еве ги можностите за оптимизација на CNC машини преку софтверот што го нуди SpaceCAD:
DNC 5000 – централизирано ги управува NC програмите
DNC 5000 е индустриски софтвер кој ги управува централизирано (од сервер) NC програмите и сета потребна комуникација помеѓу CNC машините во погонот и централна база на податоци што ги содржи сите NC програми за производство. Ја евидентира секоја трансакција помеѓу серверот и CNC машините, гарантира брзо и безбедно вчитување и складирање на секоја NC програма, според барањата на ISO 9001, 13485 и FDA.
MDC 4000 - софтвер за собирање податоци во погони со CNC машини
„MDC 4000 е лесен за користење мрежен систем за собирање на производствени податоци од погон со CNC машини. Обезбедува визуелни информации за моменталната состојба на сите машини што доаѓаат од CNC контролерите и работните станици со баркод скенер или терминал. Ова е идеална алатка за управување што го стимулира производството“, категорични се од СпејсКАД.
NX CAM - поедноставена обработка и автоматизација во CNC производствата
NX CAM е во суштина специјализиран софтвер наменет да го поедностави процесот на обработка и автоматизација на операции како што се сечење и дупчење. „Поради својата богата библиотека на пост-процесори за CNC машини и својата првокласна техничка поддршка, Siemens NX CAM е најпосакуваното решение за производствените компании“, споделија од SpaceCAD.
Синхронизираната технологија на Siemens што се користи во NX CAM ја обезбедува практичната можност да генерирате програми за управување за механичка обработка директно од 3D фајловите на SolidWorks, Catia, PTC, Parasolid, STEP и други.
Адреса: Бугарија, град Казанлак 6100, ул. „Стара река“ бр. 2, Дом на културата „Арсенал“, 3 кат, канцеларија 110
Телефон: 00359 2 90 33 999, 00359 431 6 35 68
Е-пошта: info@spacecad.bg
Извор на фотографии: SpaceCAD/СпејсКАД