Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Фирми

  • Hoval ДООЕЛ

    Следејќи го своето мото повеќе од 75 години „Одговорност за енергијата и животната средина“,Hoval се докажа како пионер во развојот на гасни кондензациони котли - овој високотехнолошки сегмент на пазарот, каде што поседува и голем број на патенти. Во областа на климатската техника, компанијата ги фокусира своите напори во развојот на автономни децентрализирани системи за греење, вентилација и рекуперацијата на топлината во едноволуменски трговски, јавни и индустриски згради. Преку поврзувањето на техника за греење и климатизација во единствен систем, Hoval на своите клиенти им нуди решенија со краткорочен поврат на инвестицијата и повеќегодишни заштеди од трошок за енергија.

  • Oventrop GmbH & Co. KG KG / Овентроп

    Компанијата OVENTROP е основана во 1851 година и денес е еден од водечките производители на вентили, регулатори и системи за греење и климатизација - термостатски радијаторски вентили и глави; вентили за хидрауличен и температурен баланс; групи за пумпање; филтри, деаератори и вентили за нафтена индустрија; гас - вентили; вентили за вода за пиење; комплетни системи за површинско греење и ладење; цевки и фитинзи за нив; комплетни системи за изградба на соларни инсталации.

  • Rochester Electronics

    Rochester Electronics е глобално докажан дистрибутер и еден од најголемите производители на полупроводнички решенија во светот. Компанијата е 100% одобрена од повеќе од 70 потврдени производители на полупроводници. Како сигурен добавувач на оригинални компоненти, глобалниот производител има на залиха повеќе од 15 милијарди уреди, групирани во повеќе од 200.000 каталошки броеви кои ја сочинуваат најшироката палета на EOL (излезени од употреба) и активни полупроводници.

  • SAER Elettropompe S.p.A.

    SAER Elettropompe е водечки италијански производител и снабдувач на површински и потопни пумпи и мотори, со повеќе од 70 години искуство и традиции на италијанскиот и меѓународниот пазар. Како докажан специјалист во секторот за водовод и канализација, SAER им обезбедува на своите клиенти и партнери комплетни иновативни решенија, максимална флексибилност и ефикасност со гаранција за квалитет „Made in Italy“.

  • Wilo Претставништво Скопје, Македонија

    Wilo Претставништво Скопје е претставништво на меѓународно етаблираната германска компанија Wilo Group - водечки производител на пумпи, пумпни системи за греење, климатизација, водоснабдување, отпадни и дренажа води. Со повеќе од 140-годишна историја компанијата е силно посветена на истражување и развој и во последно време се почесто нуди на пазарот комплетни индивидуални решенија, а не само одделни производи.

  • АББ Блгарија ДООЕЛ

    АББ Блгарија е дел од мултинационалните гигант ABB Group (ABBN: SIX Swiss Ex) - иновативен технолошки лидер во областа на производите за снабдување со електрична енергија и електрична опрема, роботика и погони, индустриска автоматизација и енергетски мрежи, кои послужуваат комунални, индустриски, транспортни и инфраструктурни клиенти од целиот свет. Продолжувајќи ја својата над 125-годишна историја во иновациите, AББ денес ја пишува иднината на индустриската дигитализацијата со две насоки со јасна вредност: обезбедување на електрична енергија од секоја електрана до секој електричен штекер и автоматизирање на сите индустриски гранки од природни ресурси до готови производи.

  • Адара Инженеринг ДООЕЛ

    Адара Инженеринг ДООЕЛ е докажана европска трговска инженеринг компанија со дејност во областа на вакуум – пумпи и системи, водни пумпи и пумпни системи, специјални пумпи и ниско и средно напонска автоматика. Компанијата е официјален застапник за територијата на Македонија на германската компанија BUSCH – европски лидер на вакуум – пумпи и системи.

  • Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

    Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ е филијала на водечкиот германски производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC). Компанијата се занимава со развој и производство на електроника за системи за климатизација во автомобилскиот сектор. Во групата ВНТС се вработени повеќе од 1700 лица кои работат како во централата во Германија, така и во Бугарија, Кина, Индија, Јапонија, САД и Мексико.

  • Бетелгиус ДОО

    Бетелгиус ДОО е водечка бугарска компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија во областа на примарното и секундарното кодирање, означувањето, етикетирањето, пакувањето и автоматизацијата. Мисијата на компанијата е да создаде одржливи решенија кои да доведат до значителни промени во современиот бизнис. Во денешниот динамичен свет на континуиран технолошки прогрес, автоматизацијата е од суштинско значење за зголемување на конкурентноста и оптимизацијата на производствените процеси. Развојот и интеграцијата на високотехнолошки решенија за ефикасно производство играат клучна улога во начинот на функционирање на бизнисите.

  • Би Ту Ен ДООЕЛ

    Би Ту Ен ДООЕЛ (B2N Ltd) е докажана компанија на пазарот за 3D технологија. Компанијата е лидер во увозот, дистрибуцијата, имплементацијата и обуката кај 3D производите, што наоѓаат широка примена во инженерството, архитектурата, роботиката, медицината, телевизијата и игрите, уметноста, возилата, модата и многу повеќе.

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »