Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството. „Врз основа на инструменти за локални прогнози на PV генерирање и измерен профил на потрошувачка во домаќинството, уредот самостојно се обучува да дава препораки за оптимизирана потрошувачка на електрична енергија“, коментираа за BalkanEngineer.com од Филкаб Солар - водечка инженеринг компанија во областа на фотонапонските инсталации.
„Всушност, „патот“ кон интелигентно управување со енергијата е мошне лесен. Sunny Home Manager 2.0 се инсталира кон мрежниот јазол а потоа се поврзува со интернет рутерот со помош на Ethernet кабел. PV системот се регистрира во Sunny Portal или Sunny Places бесплатно, така што корисниците се придружуваат на повеќе од 30.000 системи кои се веќе инсталирани ширум светот за да користат поголема енергетска ефикасност“, објаснија специјалистите од Филкаб Солар.
„Најдобриот начин да се намалат максимално трошоците за електрична енергија е едноставно да се користат домашни апарати, како што се машини за миење садови, машини за перење и сушење, кога фотонапонскиот систем на покривот генерира електрична енергија. Проблемот со овој пристап е што не е секогаш можно да ја усогласиме нашата потрошувачка со PV системот - често сме на работа или поради некоја друга причина не сме дома во средината на денот, кога фотонапонскиот систем генерира најмногу електрична енергија. „SMA Sunny Home Manager 2.0 е решението за овој проблем, бидејќи уредот автоматски ги управува апаратите во домаќинството според продуктивноста на фотонапонскиот систем“, додадоа тие.
Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: 00359 32 277 171; 00359 32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: 00359 2 3233727; моб. 00359 72 310300; 00359 71 347133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Филкаб Солар (Filkab Solar), SMA, ©Engineer BG via Canva.com