За организацијата
ТП ВАГО Контакттехник е застапништво на германската компанија WAGO Kontakttechnik GmbH & Co. KG за територијата на Македонија, како и соседните држави Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора. WAGO е лидер во производството на производи за електротехника, електроника, автоматика, станбена и индустриска автоматизација. Компанијата е пионер во технологиите на иднината. Со повеќе од 50 години искуство фирмата развива иновативни решенија, кои се претвораат во индустриски стандарди на светскиот пазар. Денес WAGO е синоним за квалитет, сигурност и иновативност.
Визијата на компанијата е да ги направи уредите и системите апсолутно безбедни и сигурни насекаде во светот и токму поради таа причина таа инвестира во развојот на нови производи и технологии за електрични контакти и автоматизација.
Од големо значење за ВАГО е да го прошири својот удел на пазарот во областа на проектите поврзани со искористување на обновливи извори на енергија, а особено на соларна енергија.
Фирмата им нуди на сите заинтересирани компании и специјалисти од гранката различни видови на обуки, а веќе спроведува и специјални обуки за програмирање на контролери и далечински контролери.
На македонскиот пазар производите на WAGO се нудат од фирмата Компјунет инженеринг.
Контакти
- Име на компанија: ТП ВАГО Контакттехник ДОО
- Веб-страница: http://global.wago.com/bg/
Адреса: Бугарија, Софија 1330, бул. „Акад. Иван Гешов“ 2Е Бизнис центар Сердика, зграда 1, кат 4, канцеларија 417
Телефон: +359 2 489 4609; +359 2 489 4610
E-mail: info-bg@wago.com
Компјунет инженеринг
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Владимир Комаров 1A-3/9
Телефон: +389 2 52 11 200; +389 2 24 61 108; +389 75 446 395; +389 78 238 496; +389 76 468 017; +389 78 279 657
E-mail: prodazba@compunet.com.mk