In Bulgarian. In Serbian. In Romanian.
Компанијата Сивико разработи иновативна платформа за испитување на кабли со низок напон Siviko ACT 150 со поддршка на својот партнер WAGO Kontakttechnik. Новата разработка се базира на новата генерација PFC200 контролери на WAGO. „Тоа е погодно автоматизирано решение за спроведување на електрични мерења на активниот отпор на жиците на каблите и напонот што ја издржува изолацијата, брзо, удобно, безбедно и недеструктивно“, информираа за BalkanEngineer.com од ТП ВАГО Контакттехник ДОО.
Siviko ACT 150 е автоматизирана и дигитализирана лабораторија, што го организира спроведувањето на испитувањата на кабли, намалувајќи ги рачните операции и обезбедувајќи ја безбедноста на операторот. Единицата открива дефекти преку локализација на прекин на жица или жица соединета со краток спој, запишувајќи ги резултатите во база на податоци. „Така контролата на квалитетот на производите се подобрува и се намалува времето за недеструктивно тестирање", коментираа од компанијата.
Со 150 kVA-та платформа можат да се испитуваат кабли за низок напон со до 50 жици и должина до 20 километри, со можност за 4 објекти (должини на кабел) истовремено. Системите за безбедност на единицата вклучуваат независни хардверски и софтверски заштитни кола, заштитни огради со автоматско заклучување, систем за автоматско заземјување Siviko AGS, индикации и копчиња за стоп во итни случаи.
Платформата користи MySQL, а информацијата е заштитена од загуба со индустриски UPS WAGO 787-870. Системот е програмиран со флексибилниот инструмент на WAGO e! COCKPIT v.1.3. „Резултатот е хибриден софтвер Siviko Smart OS, кој се грижи за базите на податоци и настаните во системот, и Wago Web Visu, кој ги презентира процесите во реално време. Концептот овозможува далечински пристап до податоците, без да се попречува тековниот процес, а исто така и обезбедува лесна интеграција со системи од повисоко ниво“, коментираа во заклучокот од ТП ВАГО Контакттехник.
ТР ВАГО Контакттехник ДОО
Адреса: Бугарија, Софија 1330, бул. „Акад. Иван Гешов“ 2Е Бизнис центар Сердика, зграда 1, кат 4, канцеларија 417
Телефон: +359 2 489 46 09; +359 2 489 46 10
E-mail: info-bg@wago.com
Компјунет инженеринг
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Владимир Комаров 1A-3/9
Телефон: +389 2 52 11 200; +389 2 24 61 108; +389 75 446 395; +389 78 238 496; +389 76 468 017; +389 78 279 657
E-mail: prodazba@compunet.com.mk
Извор на фотографии: ТП ВАГО Контакттехник ДОО