Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

WAGO разработува нов контролер со универзален интерфејс Profibus DP

15 february 2017

In Bulgarian.   In Romanian.   In Serbian.

 

WAGO ја прошири фамилијата контролери PFC200 со нов Profibus уред со интерфејс DP, соопштија за BalkanEngineer.com од македонската компанија која ги нуди производите на докажаниот германски производител - Компјунет инженеринг. Компактниот контролер веќе може да собира и обработува податоци од различни учесници во индустриска средина преку мрежата Profibus. Производот обезбедува брза комуникација со сензорите и извршните механизми на различни машини и опрема.

 

 „Во прилог на стандардната конструктивна изведба контролерот PFC200 се нуди на пазарот и во варијанта за проширен температурен опсег од -20 до 60° C. Благодарение на тоа, уредот е многу погоден за флексибилни апликации во индустриската автоматизација, како и во зони со зголемени барања“, појаснија од компанијата.

 

 

Новиот контролер на WAGO работи со оперативен систем во реално време Linux и може да биде програмиран со докажаниот софтвер за конфигурирање WAGO I/O PRO базиран на CODESYS. GSD-датотеките се читаат лесно со помош на интегрираниот Profibus конфигуратор, додека чувствителните податоци за производите се оптимално заштитени преку напредни пакети за безбедност како SSL/TLS 1.2, SSH, VPN и огнениот ѕид.

 

„Хардверот е целосно преработен и оптимизиран при што се задржани вообичаените за останатите PFC200 контролери Ethernet и CAN интерфејси. Исто така, со својот универзален Profibus DP контролерот поседува голем број на одобрувања и дозволи, што го прави погоден за речиси секоја апликација. На локалната шина, типична за серијата 750, можат да се поддржуваат речиси сите видови на шински клеми“, додадоа во заклучокот од Компјунет инженеринг.

 

Во моментов портфолиото I/O контролери на WAGO вклучува повеќе од 500 модули. Во прилог на аналогните и дигиталните влезни и излезни клеми, производната палета опфаќа и бројни специјални модули за собирање и обработка на различни сигнали.

  

ТР ВАГО Контакттехник ДОО

Адреса: Бугарија, Софија 1330, бул. „Акад. Иван Гешов“ 2Е Бизнис центар Сердика, зграда 1, кат 4, канцеларија 417

Телефон: +359 2 489 46 09; +359 2 489 46 10

E-mail: info-bg@wago.com

 

Компјунет инженеринг

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Владимир Комаров 1A-3/9

Телефон: +389 2 52 11 200; +389 2 24 61 108; +389 75 446 395; +389 78 238 496; +389 76 468 017

E-mail: prodazba@compunet.com.mk

 

 

Извор на фотографии: Компјунет инженеринг

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »