Trokut Test d.o.o.e.l.

Промени јазик: Albania Serbia

За организацијата

Trokut Test е дел од структурата на меѓународната група Trokuttest Group (TTG), која развива трговска и консултантска дејност во областа на недеструктивното испитување, контролата на квалитетот и механичките тестирања. Со централно управување во Загреб, Хрватска, глобалната компанија обединува шест балкански друштва кои работат соодветно во Хрватска, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија.

Trokut Test обезбедува консултации и испорака на уреди, потрошен материјал и услуги во областа на:

Недеструктивното испитување, вклучително:

  • Ендоскопи IT Concepts;
  • Потрошен материјал за инспекција на заварени споеви Helling (пенетранти и магнетни честички);
  • Ултразвучни дефектоскопи Sonatest;
  • Скенери за дигитална радиографија и процесори за развивање филмови DÜRR NDT;
  • Панели за директна радиографија DR Systems;
  • Мерење на преостанати напони – Stresstech;
  • Shaerography Dantec Dynamics.

Лабораториска опрема и контрола на квалитетот:

  • Металографска опрема ATM Qness;
  • Мерење на тврдост ATM Qness;
  • Механички испитувања Galdabini;
  • DIC Dantec Dynamics;
  • Дигитална лупа за визуелна контрола Ash Vision;
  • 3D и скенирачки електронски микроскопи Hirox;
  • Рачни LIBZ и OES анализатори ARUN.

Превентивно одржување:

  • Ултразвучни детектори и камери за откривање истекувања на компримиран воздух и вакуум, како и следење на состојбата на подвижни елементи Sonotec.

Тимот на компанијата е составен од висококвалификувани специјалисти со долгогодишно искуство и знаење во различни технички области, меѓу кои наука за материјали, металургија, хемија, автоматизација, мехатроника, градежно инженерство, електроника и други.

Компанијата соработува со докажани светски имиња во производството на опрема за недеструктивно испитување, радиографија, механички тестирања, аналитичка опрема, микроскопија, метрологија, превентивно одржување, безбедносни системи, криминалистика и други области.

Повеќе за Trokut Test d.o.o.e.l.