In Bulgarian.
ТР ВАГО Контакттехник, претставништво на лидерот во производството на производи за електротехника, електроника, автоматика, станбена и индустриска автоматизација WAGO Kontakttechnik, одржа серија презентации во Софија, во неделата од 3-ти до 7-ми април 2017 година. На настаните Wago презентира квалитетно нов концепт за автоматизација, базиран на т.н. „Application“ контролери, како и проширување на системот за автоматизација за екстремна средина XTR. Гостин - предавач беше г-дин Вадим Гилерт од одделот „Бизнис развој - насока Автоматизација“, од централата на Wago Kontakttechnik во Германија, соопштија за BalkanEngineer.com од Компјунет инженеринг, кои нудат производи и решенија на WAGO во Македонија.
Настанот се случи непосредно пред еден од најголемите индустриски форуми во светот, имено Хановерскиот индустриски саем кој се одржа помеѓу 24-ти и 28-ми април во истоимениот германски град. „Wago ја искористи избраната професионална публика, за да објави пред премиерно некои од иновациите кои беа подготвени како изненадување за посетителите на саемот“, коментираа уште од Компјунет инженеринг.
Во рамките на презентациите во детали беа разгледани „Application“ контролерите на WAGO. „Беше презентирано и проширување на системот за автоматизација за екстремна средина XTR со нови модули кои овозможуваат управување со процеси во експлозивна средина“, појаснија од Компјунет инженеринг.
ТР ВАГО Контакттехник, официјалниот претставник на WAGO за Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора, го организира настанот заедно со Ехнатон Бугарија.
ТР ВАГО Контакттехник ДОО
Адреса: Бугарија, Софија 1330, бул. „Акад. Иван Гешов“ 2Е Бизнис центар Сердика, зграда 1, кат 4, канцеларија 417
Телефон: +359 2 489 46 09; +359 2 489 46 10
E-mail: info-bg@wago.com
Компјунет инженеринг
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Владимир Комаров 1A-3/9
Телефон: +389 2 52 11 200; +389 2 24 61 108; +389 75 446 395; +389 78 238 496; +389 76 468 017
E-mail: prodazba@compunet.com.mk
Извор на фотографии: ТР ВАГО Контакттехник