Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

ФАНУК Бугарија ДООЕЛ

ФАНУК Бугарија ДООЕЛ

www.fanuc.eu/bg/bg

ФАНУК Бугарија ДООЕЛ е подружница на FANUC Europe Corp, дел од структурата на јапонскиот лидер во областа на индустриската автоматизација и роботизацијата. Канцеларијата на фирмата во Бугарија опслужува земјите од регионот, вклучително Бугарија, Грција, Северна Македонија, Албанија и Кипар.

 

Компанијата врши продажба и имплементација на индустриски роботи, автоматизација на алатни машини и е водечка во развојот на машините со ЦПУ. Главниот стремеж на фирмата е зголемување на продуктивноста и сигурноста на користените машини.

 

Како признат глобален лидер во областа на автоматизацијата, FANUC обезбедува високо-технолошки производи и услуги кои им помагаат на клиентите да генерираат продукција на најцелисходен и успешен начин.

 

Организацијата јасно ги разбира потребите на индустријата од автоматизација, бидејќи самата таа користи над 2000 роботски системи во сопственото производство. Тоа и овозможува успешно да се развива и разработува иновативни производи, нудејќи им на индустриските претпријатија опрема за поголема продуктивност, прецизност и ефикасност.

Контакти

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: +359 2 492 9369

E-mail: info.bg@fanuc.eu 

Материјали за ФАНУК Бугарија ДООЕЛ

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
    • 14 november 2024FANUC ги импресионира посетителите на MachTech 2024 со сигурни и повеќефункционални решенија за автоматизација

      За време на саемот MachTech & InnoTech 2024, жолтиот штанд на FANUC повторно ги тераше посетителите да застанат и да ги разгледуваат со интерес изложените експонати на јапонскиот лидер во индустриската автоматизација. Бугарската компанија, која исто така одговара за клиентите на компанијата од Грција, Северна Македонија, Албанија и Кипар како регионален центар на FANUC, оваа година покажа три експонати: машински центар ROBODRILL α-D21LiB5 Plus заедно со CNC управување 31i-B5 Plus што може да произведува големи компоненти со висока динамика, робот за заварување ARC Mate 100iD со позиционер со две оски и колаборативен робот CRX-10iA/L во намена за палетирање.

    • 29 september 2024На саемот FAKUMA 2024 FANUC ќе ги прикаже своите најнови достигнувања при машините за вбризгување од палетата ROBOSHOT

      Во 2024 година, FANUC ја слави 40-годишнината од својата високопродуктивна целосно електрична машина за вбризгување ROBOSHOT. Долгогодишното искуство на компанијата, континуираните иновации во областа на леењето под притисок, како и новитетите во палетата ROBOSHOT ќе бидат демонстрирани за време на саемот FAKUMA 2024 во Фридрихсхафен, кој ќе се одржи од 15 до 19 октомври оваа година. во Германија. На својот штанд B3-3211, FANUC ќе ги претстави решенија во областа на технологијата за леење под притисок и автоматизацијата одделувајќи специјално внимание на одржливоста, енергетската ефикасност, компактниот дизајн, сигурноста и конкурентната вкупна цена на купување (TCO).

    • 31 august 2024Роботот M-710iC/50 на FANUC придонесува за брзото и квалитетно пакување на преливи за салати во швајцарска компанија

      Компанијата Brunos, водечки специјалист за преливи за салати во шишиња, тешко го одржуваше темпото на својата автоматизирана производствена линија кога готовиот производ требаше да се пакува и товари на палети. Достигнувајќи ја границата на своите технолошки можности, од компанијата беа свесни дека автоматизирањето на процесот ќе даде одговор на овој проблем, но само доколку се најде соодветен брз и компактен робот. За таа цел, Brunos го контактираше Robotec Solutions, искусен системски интегратор на роботизирани решенија за автоматизација.

    • 25 june 2024Робот на FANUC го остава во минатото подигнувањето на тешки ролни трева со големо физичко оптоварување во швајцарска компанија

      Семејната компанија Green Services која се наоѓа на околу 5 километри северо-западно од град Винтертур во Швајцарија, се раководи од основачот и управен директор Ернст Бранденбергер и неговиот син Марко. Фирматаа произведува ролни трева од тресет за домашни градини, игралишта, паркови, терени за голф и спортски терени, а освен тоа има земјоделски бизнис вклучувајќи млечни производи и земјоделство. Компанијата барала решение со што да им ја олесни напорната физичка работа на своите вработени вклучени во палетизирањето на тревата собрана од полето.

    • 23 may 2024Машината за електроерозивна обработка ROBOCUT α-C800iC на FANUC е иновативно решение за производство на детали со големи димензи

      До неодамна, кога се зборуваше за обработка со жична EDM машина, беше јасно дека традиционално се постигнува потребната прецизност за сметка на брзината. Затоа инженерите на FANUC имаа за цел и ја разработија серијата од најновата генерација на EDM машини ROBOCUT α-CiC. Сега оваа палета е дополнета со трет модел ROBOCUT α-C800iC со опција за од на оската Z од 500 mm и голем број други функции кои го забрзуваат производството на компоненти со големи димензии за различни индустриски гранки.

    • 11 april 2024Автоматизацијата со роботи на FANUC се докажа како правилниот „лек“ за фармацевтската компанија DEMO

      Компанијата DEMO е еден од најголемите производители на фармацевтски производи во Грција. За да се зголеми ефикасноста и продуктивноста, негјзиното раководство одлучи да ги автоматизира операциите на товарање и истовар на пластичните пакувања и кеси за време на нивната стерилизација. Поради суштествените разлики во обработката на транспортните тави, кесите и пакувањата, за компанијата беше јасно дека ќе им требаат различни големини и типови на роботи. „DEMO се свртува кон SABO, негов долгогодишен партнер за автоматизација и роботика во производството, кој е снабдувач и инсталатер на индустриските решенија на FANUC.

    • 16 march 2024Етаблираниот европски производител Теси избра роботи на FANUC за оптимизација на своите производствени процеси

      Теси е водечки европски производител на електрични бојлери, бојлери со индиректно загревање и апарати за загревање на домот. Компанијата е дел од Фикосота Холдинг и ужива завидна репутација како четврти по големина производител во Европа на апарати за загревање и електрични бојлери со капацитет од 1,2 милиони бојлери годишно. „Нашата заедничка работа со Теси има долгогодишна историја, при што производите на FANUC се користат во две главни области: производство на пластични производи и индустриска роботизација“, коментираа од FANUC.

    • 24 february 2024Интуитивен робот FANUC и италијански производител на колачи ја создаваат перфектната комбинација од традиција и иновации

      Италија често е нарекувана „Bel Paese“, т.е. „прекрасната земја“, но имајќи ги предвид нејзините разновидни кулинарски традиции, таа секако може да биде дефинирана и како „земјата на добрата храна“. „Италијанската компанија Vigap одлучи да го автоматизира процесот на сечење на нивните производи од тесто, што претходно се вршел рачно. Создаденото решение ја вклучува имплементацијата на робот FANUC што користи ултразвучен нож во услови на ограничен простор, што обезбедува совршен и брз производствен процес“, информираа од ФАНУК.

    • 20 january 2024Со коботите CRX на FANUC се отвора нова ера во колаборативната технологија за роботизирана автоматизација

      Во последниве години, популарноста на колаборативните роботи, или така наречени „коботи“, се зголемени значително. Колаборативните роботи користат функции на безбедност докажани во времето, нудејќи пофлексибилно решение за роботизирана автоматизација и бараат помалку простор за монтажа од традиционалните индустриски роботи. „Палетата на производи од коботи на FANUC, вклучително и новата серија CRX, ја наследи истата интелигенција и сигурност што традиционалните индустриски роботи ги нудат со децении. Пример за ова е технологијата iRVision на FANUC.

    • 21 december 2023Иновациите на FANUC ја поддржуваат дигитализацијата, намалуваат трошоците за енергија и потребата од квалификуван персонал

      За време на саемот ЕМО 2023, кој се одржа во септември оваа година во Хановер, FANUC ги демонстрира своите најнови производи и комплетни решенија, демонстрирајќи им на производителите и потрошувачите како можат успешно да ги решат актуелните предизвици, како на пример, зголемувањето на цените на електричната енергија. „Трите области кои се во фокусот на FANUC ги одразуваат трендовите во машиноградбата. FANUC продолжува да работи во тесна соработка со своите клиенти и ќе ја одржува својата стратегија за разработка на иновативни решенија за подобрување на процесите и условите во производствените гранки“.

    • 18 november 2023За уште една година штандот на FANUC на MachTech & InnoTech 2023 беше „освоен“ од роботите на светскиот лидер во роботизацијата

      Јапонскиот гигант во роботизацијата FANUC ја нуди својата широка палета на роботи ширум светот за да ги задоволи барањата на клиентите во најразлични индустриски намени и гранки. Роботите на FANUC се клучна стандардна опрема за секое современо производство, бидејќи тие се исклучително флексибилни и се нудат со опции специфични за намената, се одликуваат со лесна интеграција, а корисниците можат да го изберат моделот според спецификите на конкретното решение за автоматизација. Неодамна од фабриките на FANUC беше испорачан милионитиот робот. Јапонскиот гигант во роботизацијата FANUC ја нуди својата широка палета на роботи ширум светот.

    • 19 october 2023FANUC го испорача својот милионити индустриски робот и уверено гледа кон технологиите во фабриките на иднината

      FANUC Corporation неодамна одбележа важна пресвртница во индустриската автоматизација со испорака на својот милионити индустриски робот. Компанијата, која ги испорачува своите CNC системи, роботи и машинска опрема на клиентите ширум светот, е пионер во фабричката автоматизација. Нејзините инженери го имплементираа првиот разработен од нив робот во сопствената производна линија на концернот во далечната 1974 година. „До неодамна, индустриските роботи традиционално се користеа главно во автомобилската и електронската индустрија.

    • 05 september 2023ФАНУК Бугарија: Robel Rail Automation создаде решение со роботи на FANUC за поправка на железнички шини и скретници

      Сè повеќе луѓе веруваат дека на железничките мрежи во Европа итно им е потребна реконструкција. Многу брзо во оваа насока од голема помош може да биде иновативниот роботизиран систем разработен од германската компанија Robel Rail Automation, кој е способен да поправа шини и скретници на лице место. „Проектиран и произведен од компанија специјализирана за одржување на железничка инфраструктура, системот целосно ги користи предностите на индустриските роботи на FANUC“, соопштија од ФАНУК Бугарија.

    • 05 july 2023Дали доаѓа времето на „правото на поправка“ и како FANUC применува модел за имплементација на одржливоста како бизнис концепт

      Што се случува со апаратите, машините и алатите кои се расипуваат или престануваат да функционираат? Откако ќе им истече гарантниот рок, вообичаениот одговор е да ги исфрлите, бидејќи најчесто поправката е неостварлива или неисплатлива. Но, времињата се менуваат: Европската комисија сака да го спроведе правилото „право на поправка“ за мобилни телефони и таблети за да ги заштитува потрошувачите и да го намали отпадот. Во исто време, сè повеќе компании си поставуваат за цел да постигнат „циркуларна економија“ во која производите и суровините остануваат во употреба што е можно најдолго.

    • 09 june 2023Колаборативни и мобилни роботи, вештачка интелигенција и работни ќелии за разновидност на примени ги очекуваат гостите на FANUC

      Роботите се користат во многу индустрии и примени, од производство на возила и прехранбена индустрија до уметнички занаети. За време на овогодинешниот саем Automatica 2023, кој ќе се одржи од 27 до 30 јуни во Минхен, FANUC ќе прикаже разновидни иновативни решенија, технички достигнувања и практични примени. „Решенијата на водечката јапонска компанија во областа на роботиката, кои ќе можат да се видат во хала Б6, штанд 231, се ориентирани како кон високо автоматизираните индустриски сектори, така и кон нови групи на клиенти. Заедно со се друго, компанијата има за цел да му се спротивстави на недостигот на квалификувани работници.

    • 29 may 2023Модернизација или деактивирање на постоен CNC уред? Запознајте се со различниот пристап на FANUC!

      Ако сте производител на машини за обработка на метал, сигурно сте се судриле со проблемите предизвикани од фактот што производителите на CNC машини воведуваат нови дизајни. „Често под маската на различни иновации, некои производители на CNC уреди ги лишуваат своите клиенти од можноста да продолжат да ги користат нивните претходни инвестиции во разработката на софтвер. FANUC го истражува овој синдром на непланирана застареност на опремата и јасно го покажува различниот пристап на нашата компанија во оваа насока“, коментираа од ФАНУК Бугарија.

    • 28 april 2023FANUC ја прошири својата палета на роботи манипулатори со моделите M-10iD/12 Food grade и M-20iD/25 Food grade за прехранбената

      Јапонскиот гигант во роботиката FANUC поседува широко портфолио на индустриски роботи манипулатори кои покриваат огромен опсег на носивост - од само неколку килограми во најмалата класа M-10 до 2.300 килограми во најголемата M-2000. Компанијата постојано ја проширува серијата на роботи манипулатори со нови модели за да задоволи сè поголем опсег на намени. „Новите роботи M-10iD/12 Food grade и M-20iD/25 Food grade на FANUC се наменети за корисници во прехранбената индустрија (ПИ) кои имаат потреба од роботи со голема брзина и носивост.

    • 05 april 2023FANUC ќе демонстрира сигурни решенија за индустријата за пакување базирани на флексибилни роботизирани системи за време

      На саемот Interpack 2023 во Диселдорф, кој ќе се одржи од 4 до 10 мај оваа година, FANUC ќе демонстрира колку се сигурни и флексибилни решенијата на компанијата за индустријата за пакување. „Во хала 6, штанд D79 на Interpack, водечкиот светски производител на роботи ќе претстави различни можности за операции за земање и поставување, сортирање, пакување и палетизација. Посетителите ќе можат да видат колаборативни роботи во акција кои штедат простор и се лесни за управување, заедно со делта и SCARA роботите во акција кои штедат простор и се лесни за управување, заедно со делта и SCARA роботите, како и компактни и универзални роботи".

    • 17 march 2023ФАНУК Бугарија: Ви го претставуваме најдобриот вертикален центар за обработка ROBODRILL што компанијата FANUC

      Што е ROBODRILL? Компаниите за обработка на метали кои користат CNC центри за обработка во нивното производство се добро запознаени со овие универзални машини FANUC. А сега јапонската компанија создаде нова генерација центри ROBODRILL кои гарантираат постојано висок квалитет и прецизност со ниски трошоци за работа. Со минималното време на промена на алатот од 0,7 секунди и револвер главата што може да работи со алати до 4 килограми, новите усовршени верзии се меѓу најбрзите и најсилните CNC машини со 5 оски на пазарот. „Фабричката автоматизација е дел од ДНК на FANUC.

    • 01 march 2023Само за професионалци! FANUC ви нуди бесплатно преземање на нова е-книга за CNC управување и автоматизација

      CNC системите на FANUC поддржуваат широк спектар на посебни карактеристики и функции наменети да им помогнат на корисниците максимално да ги искористат можностите на машината. Таквите примерни функции се: намалено време на циклус (технологија за брз циклус); постигнување висок квалитет на површината (технологија на фина површина); усовршена технологија на глодање (интегрирана технологија со 5 оски); интелигентно серво управување итн. Дали се стремите кон уште поголема продуктивност на вашата машинска опрема? Тогаш новата е-книга на FANUC за CNC системи е разработена специјално за вас.

    • 10 january 2023FANUC ја дополни својата палета на роботи SCARA со новите модели SR-3iA/C и SR-6iA/C

      Јапонскиот гигант во областа на роботизацијата FANUC кон своето широко портфолио на роботи со високи перформанси додаде два нови модели кои ги демонстрираат технолошките предности на палетата на производи во примена во прехранбената индустрија. „Со силен конкурентен сооднос цена -продуктивност, SR-3iA/C и SR-6iA/C на FANUC им обезбедуваат на корисниците голем број специјални функции што ги претворуваат овие брзи и прецизни роботи SCARA во оптимално решение за употреба во прехранбените претпријатија, како и во чисти простории“.

    • 22 december 2022ФАНУК Бугарија: „Илјадници се причините да изберете интелигентна автоматизација

      Многу е убаво да имаш некој на кој можеш да сметаш. Некој да ве поддржи во сите аспекти на бизнисот. „Без разлика дали сте машиноградбена компанија, системски интегратор или производител, ние во FANUC сме секогаш на ваше располагање. Ние ќе ве придружуваме од фазата на вашите први чекори во автоматизацијата до создавање и оптимизација на вашите индивидуални системски решенија“. Вака им се обраќаат во пресрет на Божиќ на своите сегашни и потенцијални партнери и клиенти од ФАНУК Бугарија, дел од големото семејство на светскиот лидер во роботиката FANUC.

    • 14 december 2022Прецизните и енергетски ефикасни машини ROBODRILL и ROBOCUT на FANUC ја зголемуваат продуктивноста

      Компанијата од Северна Македонија EUROEDIL се етаблира на пазарот како производител на производи од лим за метални конструкции и градежништвото. Во нејзините погони се произведуваат различни метални производи, на пример држачи, аголни елементи, разделници, спојници, профили и други додатоци за сува градба. „Исто така се врши кроење на лимови на ленти. Се произведува и инструментална опрема за дупчење и штанцување, виткање, извлекување и слично“.

    • 29 november 2022FANUC демонстрираше рентабилни решенија за леење под притисок на меѓународниот саем K 2022 во Германија

      Производителите на пластични производи кои целосно ја избираат електричната технологија за леење под притисок на FANUC можат да бидат сигурни дека нивната инвестиција ќе донесе како финансиски дивиденди, така и дивиденди на еколошки план. Оваа технологија користи развојна платформа која е ориентирана кон создавање одржливи и сигурни машини со исклучително конкурентна вкупна цена на купување (TCO). „FANUC учествуваше на саемот K 2022, кој се одржа од 19 до 26 октомври.

    • 25 october 2022ФАНУК Бугарија демонстрира не само роботи, туку целосен концепт и одговорност за развојот на роботиката

      Замислете ја следнава ситуација. Влегувате во голема саемска сала и првото нешто што ви го привлекува внимание е робот кој глода топка, претворајќи ја во релјефен глобус, методично, постојано, без да биде под влијание на десетици љубопитни погледи вперени во него. За посетителите на најновото издание на MashTech 2022, кое се одржа минатата недела во Интер Експо Центар, опишаната сцена беше реалност на штандот на ФАНУК. Во следните редови, ќе ви раскажеме за најинтересните акценти од учеството на компанијата на форумот.

    • 25 august 2022Eлектрична машина за леење под притисок ROBOSHOT ALPHA-SiB на FANUC троши до 70% помалку енергија

      Во врска со наглото зголемување на цената на електричната енергија како резултат на голем број надворешни пазарни фактори, компанијата FANUC забележува силен интерес за нејзината најнова серија за заштеда на енергија на машини за леење под притисок ROBOSHOT ALPHA-SiB. „Овие целосно електрични машини трошат до 70% помалку енергија од конвенционалната изведба со хидрауличен погон, а тоа се должи најмногу поради високоефикасната технологија на сервомоторите што се користи во моделите од серијата ROBOSHOT.

    • 01 june 2022FANUC го најави дебито на новиот центар за обработка со глодање ROBODRILL α-DiB Plus

      Политиката на FANUC да го развива своето портфолио во согласност со барањата на своите клиенти е движечката сила зад изградбата на новиот многу сигурен и со висока продуктивност центар за обработка со глодање ROBODRILL α-DiB Plus. „Подобрените перформанси, како што се поголем вртежен момент на вретеното, интелигентното управување на додавањето на функцијата Punch tapping се само дел од дополнувањата ориентирани кон клиентите на новата серија ROBODRILL, која се базира на најновото управување 31i-B Plus на FANUC“, соопштија од ФАНУК Бугарија.

    • 13 may 2022FANUC ја потврдува својата позиција како лидер на светскиот пазар за индустриска автоматизација

      Секој инженер знае дека CNC е кратенка за Computerised Numerical Control. Го поддржува електронскиот процес за управување на машините за сечење метал. Неговиот претходник, кинематско програмско управување (NC control), првпат беше разработено во 40-тите и 50-тите години од минатиот век. „Како пионер во оваа индустриска гранка, FANUC беше првата приватна јапонска компанија која произведе NC управување порано од повеќето свои меѓународни конкуренти уште во 1956 година."

    • 12 april 2022Новиот робот со целосно затворена конструкција LR-10iA/10 на FANUC брзо и прецизно послужува машини и пакува

      FANUC, светски лидер во областа на роботиката и автоматизацијата, разви нов робот со целосно затворена конструкција LR-10iA/10 кој не само што е лесен и компактен, туку нуди широк опсег на работа и висока отпорност кон навлегување на прашина и вода. „Комбинацијата на мала тежина, голема брзина, преносливост и затворена конструкција го прави новиот LR-10iA/10 исклучително атрактивна понуда за примена поврзани со послужување на машини, како и за задачи во логистиката.

    • 25 march 2022Новиот робот со голема носивост M-1000iA на FANUC го автоматизира производството на електрични возила

      Светскиот лидер во индустриската автоматизација и роботизација FANUC го најави пазарното деби на нов голем робот - манипулатор M-1000iA со корисна носивост на раката од 1000 килограми и максимален опсег од 3253 милиметри. „Важно е да се забележи дека M-1000iA е најголемиот робот на FANUC, чиј механизам е со сериски врски, а не со паралелни, како што е типично за роботите со голема корисна носивост. Како резултат на тоа, M-1000iA има поширок опсег на движење како во вертикална, така и во хоризонтална насока, што овозможува раката да стои исправена и да ротира наназад, што е невозможно кај роботите со паралелна врска.

    • 02 march 2022ИТД: Машините ROBODRILL и ROBOSHOT на FANUC ни обезбедија намалени трошоци на производството

      Друштвото на глобалната компанија FANUC - ФАНУК Бугарија е добро познато и ја заслужи лојалноста и довербата на бугарските индустријалци со професионализмот, стручноста и одличната сервисна поддршка. Денеска ќе ве запознаеме со еден од нив, г-дин Иван Дараџански, сопственик и управител на ИТД ДООЕЛ, која произведува преформи и пластична амбалажа, за да разбереме зошто компанијата го избрала FANUC.

    • 07 january 2022На EMO Milano 2021 FANUC демонстрира решенија кои ја претвораат иднината на автоматизацијата во реалност

      Одржаниот во октомври европски саем за индустриска автоматизација, машини и алати ЕМО Милано 2021, ја започна пост-епидемиската ера во светот на обработката на метали. Во него учествуваа компании од 91 земја. Меѓународниот форум пречека преку 60.000 посетители. „EMO Milano 2021 се претвори во арена за манифестација на иновативните производствени технологии и на светскиот лидер FANUC, при што многу од презентираните производи го прославија своето европско деби“, соопштија за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија.

    • 10 december 2021„За нас FANUC е страст“: инж. Емил Цветков, за кого техничката поддршка е професионална мисија

      Чест и задоволство ни е да ви го претставиме инж. Емил Цветков,кој веќе повеќе години го раководи сервисниот оддел на FANUC за Бугарија, Грција, Северна Македонија, Албанија и Кипар и им дава и содржина и смисла на политиката на „Service First“ на светскиот лидер во областа на автоматизацијата. Господинот Цветков зборува за својата работа со љубов и посветеност, верува дека роботите, машините и вештачката интелигенција ќе им помогнат на луѓето во тешка, опасна и монотона работа и ќе ни дадат време за наука, уметност и култура.

    • 07 september 2021Џанмарко Сантучи од Bulltek: Сакам високиот квалитет што го добиваме од FANUC да биде само за нас

      Машините и роботите на докажаниот јапонски производител FANUC се незаменлив дел од производствените активности на бројни компании ширум светот, а нивниот број постојано расте и во Бугарија. Денес ќе се сретнеме со извршниот директор на пловдивската компанија Bulltek, која произведува метални и пластични детали. Од него дознавме дека тој нема да им го препорача FANUC на своите конкуренти бидејќи го сака најдоброто само за својата компанија.

    • 04 march 2021Тони Димитриевски од ЕУРОЕДИЛ: „За нашата компанија машините на FANUC се избор број еден“

      ЕУРОЕДИЛ-ХОЛДИНГ ДООЕЛ е македонска компанија, основана од Управителот и Генерален менаџер Ракип Рамаданоски во 2004 година со седиште во Скудрине, општина Маврово-Ростуше. Во интервјуто, инженер Тони Димитриевски, раководител на алатниот погон ОИТР Алатница во ЕУРОЕДИЛ-ХОЛДИНГ, го споделува своето долгогодишно искуство со машините FANUC и намерите на компанијата да ја обнови опремата со нови модели на јапонскиот технолошки лидер.

    • 07 july 2020CNC системот 30i-B Plus на FANUC поставува нов стандард за интелигентна продуктивност

      FANUC го најави пазарното деби на својата најнова серија на CNC системи 30i-B Plus, која е подобрена во насока на достигнување на голема брзина, исклучително голема прецизност и висококвалитетна обработка. „Новите CNC контроли 30i-B Plus комбинираат во себе напреден интегриран хардвер и над 250 софтверски функции. Тие ги користат најновите технологии за управување со FANUC, преку кои се постигнува максимална ефикасност“, соопштија за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија.

    • 12 may 2020ФАНУК Бугарија: FANUC го продолжува рокот за бесплатна пробна употреба на CNC Guide и ROBOGUIDE

      „Во овие тешки времиња со кои се среќава светот, мисијата на компанијата е да ги поддржува своите клиенти во нивните напори за поефикасна работа и зголемување на продуктивноста. Затоа, FANUC го продолжува периодот на бесплатна пробна употреба на CNC Guide и ROBOGUIDE до 30 септември 2020 година, а корисниците можат да ги преземаат и двата софтвери откако ќе се регистрираат на сајтот во порталот MyFANUC“, соопштија од ФАНУК Бугарија за BalkanEngineer.com.

    • 06 april 2020Колаборативниот робот CRX-10iA на FANUC е важен следен чекор кон Smart Factory

      За време на најголемиот трговски саем за роботика iREX во Токио, светскиот лидер во производство на индустриски роботи и решенија за автоматизација FANUC ги презентира своите решенија за фабриката на иднината, како и многу технолошки иновации. „Но, она што привлече најголемо внимание на штандот на FANUC беше најновиот колаборативен робот на компанијата CRX-10iA. Тој е исклучително лесна и ја подигнува соработката на луѓе и роботи на ново, уште повисоко ниво“, коментираа од ФАНУК Бугарија за BalkanEngineer.com.

    • 30 january 2020Инж. Гилиштаров од ФАНУК: Бугарскиот индустријалец е со позитивен став во врска со автоматизацијата

      Четвртата индустриска револуција, носејќи со себе нови технолошки можности, паметни машини и поврзани решенија и услуги, продолжува вешто да си пробива пат и на бугарскиот пазар. Во ексклузивно интервју за Инженер.bg, побаравме одговор на овие прашања од инженер Христо Гилиштаров, управител на ФАНУК Бугарија, кој исто така ги коментираше најновите глобални трендови во областа на автоматизацијата и роботизацијата, како и неговите впечатоци од годинашното издание на меѓународниот форум ЕМО.

    • 06 december 2019Инженер В. Палазов, управител на ИНХОМ-98: ФАНУК Бугарија е наш долгогодишен доверлив партнер. Дел II

      За нас, во BalkanEngineer.com, секогаш е чест кога ќе добиеме можност да го допреме вистинскиот процес на производство, особено ако успешно се реализира во претпријатие кое ги издржа економските и технолошките перипетии на времето. Благодарение на ФАНУК Бугарија, нашиот тим го имаше задоволството да помине цел работен ден во бугарската компанија ИНХОМ-98. Од нејзиниот сопственик и управител, инженер Вањо Палазов, дознавме како се постигнува конкурентно производство.

    • 25 october 2019Инж. В. Палазов, управител на ИНХОМ-98: ФАНУК Бугарија е наш долгогодишен доверлив партнер

      За нас, во BalkanEngineer.com, секогаш е чест кога ќе добиеме можност да го допреме вистинскиот процес на производство, особено ако успешно се реализира во претпријатие кое ги издржа економските и технолошките перипетии на времето. Благодарение на ФАНУК Бугарија, нашиот тим го имаше задоволството да помине цел работен ден во бугарската компанија ИНХОМ-98. Од нејзиниот сопственик и управител, инженер Вањо Палазов, дознавме како се постигнува конкурентно производство.

    • 13 september 2019FANUC – партнер на Првиот меѓународен шампионат по програмирање на роботи

      Светски лидер во индустриската автоматизација и роботизација FANUC и глобалната организација WorldSkills, промовирајќи го развојот на професионалните и техничките вештини и компетенции, се здружија во спроведување на проект за поддршка на млади специјалисти во ревитализацијата на роботите. Оваа година двајцата партнери беа домаќини на меѓународен натпревар за системски интегратори за роботизирани решенија, што се одржа во Казан, Русија, информираа од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

    • 16 august 2019Д-р Јошихару Инаба од FANUC: „Подготвени сме за иднината со дигитална ДНК“

      Д-р Јошихару Инаба е извршен директор на јапонската компанија FANUC. „Неодамна, д-р Инаба му даде интервју на германското списание „ММ MaschinenMarkt“. Неговото појавување во медиумите е исклучително ретко, затоа сакаме да ве запознаеме со неговиот менаџерски поглед за стратегијата на FANUC за зацврстување и проширување на нејзината позиција во услови на глобални компјутерски мрежи, како и какво е значењето на европските пазари за компанијата“, информираа од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

    • 05 june 2019Нови роботи на FANUC им ја олеснуваат работата на луѓето при растоварување на машини

      Јапонската компанија FANUC, водечки производител на интегрирани решенија за индустриска автоматизација, го прошири својот асортиман со два нови роботи: M-20iD/25 за манипулирање и ARC Mate 120iD за заварување. „И двата роботи се карактеризираат со високи брзини на оските и голем работен опсег во споредба со нивните претходници. Нивната стандардна опрема вклучува нов контролер R-30iB Plus“, соопштија за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

    • 16 april 2019Инж. Тодор Буров: За Магна Пауартрејн користењето на сервис од ФАНУК Бугарија значи помалку проблеми

      Што се случува кога ќе се расипе машина во фабрика на меѓународен производител на автомобилски компоненти? Која е улогата на сервисниот инженер и колку неговата работа влијае врз целокупниот производствен процес? Коментар на оваа тема пред BalkanEngineer.com направи инж. Тодор Буров, раководител на оддел „Одржување“ во Магна Пауартрејн Пловдив. А зошто сервисните инженери од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ се префериран избор дознавме директно „од кујната“.

    • 22 march 2019Инж. Тодор Буров од МАГНА Пауартрејн: Машини Robodrill D21LiA5 на FANUC гарантираат прецизност

      Кои се тајните на ефикасното работење во одделот за техничко одржување во фабрика на меѓународно признат производител? Што се крие зад квалитетната опрема и високата продуктивност? Одговор на овие прашања за BalkanEngineer.com даде инженер Тодор Буров, раководител на оддел „Одржување“ во Магна Пауартрејн Пловдив. Од 2012 година во фабриката се користат три машини Robodrill D21LiA5 машини од светски докажаниот производител FANUC.

    • 19 february 2019Извршниот директор на FANUC Europe: „Источна Европа напредува со брзо темпо во индустриската автоматизација“

      FANUC е еден од светските „мотори“ во областа на индустриската автоматизација. Компанијата има инсталирано повеќе од 550 000 роботи, 4 милиони CNC контролери и 19 милиони серво мотори во речиси секоја точка од Земјината топка. „Нивото на индустриска автоматизација сè уште не е исто во различните европски земји. Но земјите од Источна Европа се се поблиску до технолошкото ниво на Западот, а највпечатливиот тренд е навлегувањето на колаборативните роботи во производствените процеси“, информираа за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

    • 14 november 2018Дајте и нов живот на оштетената и стара опрема во сервисниот центар на FANUC во Луксембург

      Глобалната сервисна мрежа на компанијата покрива 263 сервисни центри во 108 земји ширум светот. „Главната и најголема база за поправка во Европа се наоѓа во Луксембург, обезбедувајќи првокласна услуга и незаменливото искуство на FANUC во поправките. Модерниот сервис во Луксембург обезбедува оптимални можности за продолжување на животниот век на вашата машина, благодарение на искуството, дијагностичките алатки и 100% оригинални делови од производителот“, објавија од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

    • 04 september 2018FANUC го објави пазарното деби на нов колаборативен робот CR-15iA за време на Automatica во Минхен

      Лидерот во индустриската автоматизација FANUC постојано ја проширува својата палета на колаборативни роботи за заедничка работа меѓу човек и машина. На саемот Automatica во Минхен во јуни оваа година, компанијата претстави за прв пат робот CR-15iA со носивост 15 килограми. „Петтиот модел во серијата колаборативни роботи ја пополнува празнината меѓу помалите модели CR-4iA/CR-7iA и големиот CR-35iA“, соопштија за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

    • 03 july 2018Инж. Христо Гилиштаров, управител на ФАНУК Бугарија: „Сервисната услуга е камен - темелник во нашата активност“

      Во ера во која роботите имаат се поголема улога во индустриското производство, а и во нашиот секојдневен живот, ќе ви понудиме разговор со лицето кај нас на компанијата - лидер во индустриската роботизација во светот. Инж. Христо Гилиштаров, управител на ФАНУК Бугарија ДООЕЛ, ги коментира трендовите во производство на роботи и местото на FANUC во бугарската индустриска историја и сегашност. Во следните редови ќе дознаете повеќе за тоа како се прават индустриски роботи во Јапонија.

    • 18 may 2018Новиот робот со 7 оски на FANUC R1000iA ги оптимизира операциите во автомобилската индустрија

      Автомобилската индустрија е бизнис со мала маржа и голем волумен, тесно поврзана со продуктивноста и затоа е природно опкружување за индустриските роботи. „За време на саемот Fabtech 2017 беше прикажан роботот R1000iA, кој го заварува страничниот панел на нелакирана автомобилска каросерија за масовно производство. Ова е новиот робот со 7 оски на FANUC, кој е наменет да ги замени роботите со 6 оски или портални роботи“, коментираа за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

    • 20 april 2018FANUC одбележа 37 години присуство во Бугарија со коктел за време на MachTech & Innotech 2018

      37-години присуство во Бугарија прослави ФАНУК Бугарија ДООЕЛ во рамките на овогодинешното учество на меѓународниот специјализиран саем MachTech & Innotech, што се одржа од 26 до 29 март во Софија. Друштвото е подружница на светскиот лидер во роботизацијата FANUC и ја прослави годишнината од отворањето на својата канцеларија во Бугарија со стилски коктел, презентација на првото корпоративно видео за проект на компанијата што е реализиран во земјата, и импресивна реализација во изложбена сала 4 на Интер Експо Центар (ИЕЦ) во главниот град.

    • 20 february 2018Нов исклучително компактен робот со универзална намена M-10iD/12 од FANUC

      Јапонската компанија FANUC, светски лидер во производството на индустриски роботи, ја претставува следната генерација на докажаната серија на роботи M-10iA. „Новиот модел M-10iD/12 е првиот од новата серија M-10iD - наследник на добро познатиот и докажан негов претходник M-10iA/12. Испораките на новиот робот ќе почнат постепено во 2018 година за да им олеснат на потрошувачите да преминат непречено кон оваа нова генерација на роботи“, соопштија за BalkanEngineer.com од Фанук Бугарија ДООЕЛ.

    • 30 october 2017EMO 2017: Fanuc разработи нов робот со високи перформанси со IP67 за работа во влажна средина

      На саемот EMO 2017, што се одржа од 18 до 23 септември во Хановер, Fanuc го презентира својот најнов робот разработен специјално за перење во индустриски услови. „Роботот R-2000iC/210WE е нов модел од серијата R-2000iC, со усовршена механичка конструкција, кој е наменет за автомобилската индустрија, поврзаните со неа добавувачи, Tier 1 и други намени каде што технолошкиот процес вклучува перење“ соопштија за BalkanEngineer.com од Централната канцеларија на Fanuc за Југоисточна Европа.

    • 08 august 2017Линија за асемблирање на LED светилки во фабрика на Окта Лајт е целосно автоматизирана со роботи на Fanuc

      Една од најголемите фабрики на Балканот - онаа на Octa Light, веќе е претворена во вистинско ремек-дело на автоматизацијата, благодарение на имплементираните во него роботи со високи перформанси на светскиот лидер на пазарот Fanuc. Изведувач на проектот е фирмата Трејд Мајстер која по 2 години работа на проектот постигнува забележителни резултати, соопштија за BalkanEngineer.com од Матичната канцеларија за Југоисточна Европа на Fanuc. Компанијата - нарачувач е специјализирана во научно истражување и развој, разработување и производство на LED, LED - модули и компоненти.

    • 06 june 2017Со робот на Fanuc во нова лабораторија ќе се обучуваат студентите од Техничкиот универзитет – Габрово

      Техничкиот универзитет - Габрово, Бугарија, ја отвори својата најнова лабораторија кон катедрата „Автоматизација, информатичка и управувачка техника" (АИУТ), во која студентите ќе можат да се обучуваат на индустриски робот, доставен од јапонскиот пазарен лидер Fanuc. „Сакам да се заблагодарам на довербата која ни покажа ТУ -Габрово. Тој е една од најактивните високообразовни институции во Бугарија, а опремата на лабораторијата е уште еден важен чекор кон зголемување на квалитетот на обуката на идните технички специјалисти“, изјави инж. Христо Гилиштаров од централата на Fanuc за Југоисточна Европа.

    • 10 april 2017Кимекс испорача робот за заварување AM100IC7L-30B на Fanuc во производствената база на Старт Инженеринг

      Робот за заварување модел AM100IC7L-30B, на светскиот лидер во индустриската роботизација Fanuc работи во производствената база на докажаната компанија Старт Инженеринг. Испораката и интеграцијата на роботот се од фирма Кимекс. Од Матичната канцеларија на Fanuc за Југоисточна Европа - Фанук Бугарија раскажаа повеќе пред BalkanEngineer.com за проектот и спецификите на индустрискиот робот.

    • 17 february 2017Уникатни роботи на Fanuc вградени во фабрики на Mauer Locking Systems во Бугарија и Холандија

      Mauer Locking Systems (MLS) е бугарско-германско-холандски конзорциум, специјализиран во секторот на системи за заклучување. За да се зголеми продуктивноста на фабриките во Холандија и соседна Бугарија, фирмата инвестира во оптимизација и модернизација на производствена опрема преку високотехнолошки индустриски роботи Fanuc од инженеринг компанијата Trade Meister. Во производствената база на MLS - Холандија е интегриран 6-оскен робот на Fanuc, а за фабриката на MLS - Бугарија е проектиран и изработен линеарен робот.

    • 20 january 2017Автоматизација во фабрика за автоделови на Delphi во САД со роботи Toploader на Fanuc

      Во индустрија за милијарди долари секундите можат да чинат скапо. Кога водечкиот светски производител на делови за автомобилската индустрија Delphi решава да ја подготви својата фабрика во град Вандалија, САД за идните деловни предизвици, донесена е одлука дека е неопходен целосно автоматизиран систем за вадење на готовите делови од формите за пресување. И решението доаѓа од Fanuc! Како светскиот лидер во автоматизацијата и помага на фабриката на Delphi да ги исполни своите производствени цели, за BalkanEngineer.com раскажуваат од Фанук Бугарија ДООЕЛ.

    • 21 november 2016Fanuc Европа со нов претседател и извршен директор

      Шиниџи Танзава е новиот претседател и главен извршен директор (CEO) на Fanuc Европа - докажан снабдувач на CNC машини, роботи и технологија за индустриска автоматизација, соопштија за BalkanEngineer.com од регионалниот центар за Југоисточна Европа на компанијата. Како претседател и директор, тој презема одговорност за целокупната активност на фирмата на територијата на стариот континент. Господин Шиниџи Танзава поседува долгогодишно искуство во фирмата - за периодот 1992 година - 1995 година тој ја зазема должноста CFO (главен финансиски директор) на Fanuc Europe, а од 2000 до 2008 година тој е CFO на Fanuc Corporation.

    • 13 october 2016Новиот колаборативен робот на Fanuc CR-7iA - рамо до рамо со човекот во разни технолошки задачи

      Во 2016 година, јапонскиот технолошки лидер Fanuc го презентира својот нов колаборативен робот со носивост до 7 kg. „Првиот модел од серијата роботи за заедничка работа со луѓе на Fanuc - CR-35iA кој се нуди на европскиот пазар од 2015 година, веќе е во масовно производство. Новиот колаборативен робот го носи името CR-7iA, а неговата механика одговара на роботи од серијата LR Mate (LR Mate 200iD)“, соопштија за BalkanEngineer.com од регионалниот центар на Фанук за Југоисточна Европа.

    • 16 august 2016Нова серија електрични машини со жица за сечење Robocut алфа-CiB од Fanuc пристигна на европскиот пазар

      Лидерот во областа на индустриската автоматизација и роботски решенија Fanuc Corporation објави деби на нова серија електрични машини со жица за сечење на европскиот пазар, соопштија за BalkanEngineer.com од Фанук Бугарија, канцеларија Македонија. Тоа е серијата FANUC Robocut CiB која ќе ја замени досегашната CiA. Европската премиера на новите електрични машини со жица за сечење CiB ќе биде во септември на саемот AMB во Штутгарт. Новата серија електрични машини со жица за сечење Robocut опфаќа три модели: досега постоечките ROBOCUT C400iB и ROBOCUT C600iB, како и новото засилување Robocut C800iB.

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »