Турска компанија за козметика се потпира на предностите што ги обезбедуваат роботите и машините на FANUC
2026-02-203 мин.
Промени јазик: English Albania Bulgaria
Базирана во Турција, компанијата Erkul Cosmetics е водечки производител на козметички продукти, како кремови, компактни пудри, сенки за очи, спирали за трепки, кармини, сјај за усни и лакови за нокти. „Иновативните технологии и современите автоматизирани процеси се основна предпоставка за успехот на компанијата, чијашто продукција е сертифицирана според меѓународно признати стандарди за квалитет. Erkul Cosmetics се потпира на низа предности во однос на квалитетот и ефикасноста, кои се гарантираат од различни високопродуктивни автоматизациски решенија на FANUC“, коментираа за BalkanEngineer.com од FANUC.

Erkul Cosmetics има јасна визија како да го направи производството уште поефикасно, при тоа задоволувајќи ја потребата за бескрајно разновидни козметички производи за различни пазари. Месут Еркул, член на одборот на Erkul Cosmetics, изјавува: „Секој ден од основањето на нашата компанија си го поставуваме прашањето: како можеме да го подобриме квалитетот и ефикасноста уште повеќе?“
За постигнување на оваа цел, Erkul Cosmetics се потпира на машини и роботи на FANUC, вклучително целосно електричните шприцмашини ROBOSHOT и индустриските роботи LR Mate 200iD/7L.
Но, зошто токму FANUC? „Главната причина е што FANUC нуди различни производи кои можат да комуницираат меѓусебно без дополнителна опрема. Сè е прашање на концептот One FANUC: еден партнер за сите решенија“, вели Месут Еркул.
„FANUC ги задоволува потребите на нашето производство со исклучително разновидното портфолио. Особено, решенијата на FANUC за Индустрија 4.0 и нивните можности за далечински пристап обезбедуваат уникатна флексибилност, што на крајот доведува до заштеда на енергија од околу 70%“, изјавува Јавуз Зорлулар, технички менаџер во Erkul Cosmetics.
И продолжува: „Дополнително, поддршката што ни ја обезбедува FANUC ја отсликува концепцијата на компанијата да биде вистински партнер во автоматизацијата на производствените капацитети. Нашата компанија исто така се користи од доживотната гаранција на FANUC за обезбедување резервни делови.“

Извор на фотографии: FANUC Bulgaria, FANUC