In Bulgarian.
Водечката германска компанија WAGO Kontakttechnik разработи нова софтверска алатка е!COCKPIT, погодна за програмирање на контролери од серијата PFC200, соопштија за BalkanEngineer.com од македонскиот партнер на компанијата. „Со e!COCKPIT, WAGO претставува алатка која под форма на интегрирана програмска средина за проектирање го помага развојот на комплетни решенија за автоматизација“, коментираа од Компјунет инженеринг.
Новиот инженерски софтвер е! COCKPIT е базиран на софтверот за програмирање CodeSys 3. „Со е!COCKPIT контролерите PFC200 на WAGO овозможуваат остварување на поефикасно и сеопфатно управување“, појаснија од Компјунет инженеринг. „PFC200 е првиот контролер кој овозможува неговиот дизајн да се реализира преку новиот софтвер“, додадоа од компанијата.
Контролерите PFC200 се карактеризираат со висока брзина на извршување и разновидни, погодни за паралелно користење комуникациски интерфејси. Нивното управување се базира на оперативниот систем ОС Linux. Конструкцијата на контролери ослободена од вентилатори и акумулатори ги претвора во соодветно решение и за најпребирливите индустриски апликации.
Со помош на е!COCKPIT секој програмер може лесно и интуитивно да ги проектира, конфигурира и иницијализира своите I/O модули, дури и во најкомплицираната мрежна топологија. Програмирањето на апликации за PFC200 се врши преку IEC-61131 едитори од CodeSys 3. Функционално, опсегот на софтверот овозможува и проектирање на напредни решенија за визуелизација. Функциите за тестирање, дијагностицирање и пронаоѓање на грешки на е!COCKPIT го подржуваат корисникот во целиот пат на разработката вклучително до неговото воведување во работа, како и неговото сервисирање.
„Сите оние кои сакаат да го пробаат новиот софтвер е!COCKPI веќе можат да го сторат тоа. Прелиминарната верзија на е!COCKPIT е достапна и онлајн“, изјавија во заклучокот од Компјунет инженеринг.
ТР ВАГО Контакттехник ДОО
Адреса: Бугарија, Софија 1330, бул. „Акад. Иван Гешов“ 2Е Бизнис центар Сердика, зграда 1, кат 4, канцеларија 417
Телефон: +359 2 489 46 09; +359 2 489 46 10
E-mail: info-bg@wago.com
Компјунет инженеринг
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Владимир Комаров 1A-3/9
Телефон: +389 2 521 12 00; +389 2 246 11 08; +389 7 544 63 95; +389 7 646 80 17; +389 7 823 84 96
E-mail: prodazba@compunet.com.mk
Извор на фотографии: Компјунет инженеринг, WAGO Kontakttechnik