Решенија
-
Старт Инженеринг испорачува градежни елементи за изградбата на Bordeaux Métropole Aréna во Франција
Во месец март 2016 година, на брегот на реката Гарона во град Бордо, Франција, започна изградбата на една од најмодерните и импресивни по своите димензии концертни сали во светот - Bordeaux Métropole Aréna. Таа ќе биде со капацитет од 11 000 седишта и ќе располага со обезбедени над 950 места за паркирање на посетителите. Учество во изградбата на салата зема и докажаната инженерска фирма Старт Инженеринг, со своите производствени бази во бугарските градови Софија и Бургас, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.
2017-04-10Прочитај ја статијата
-
Вени и Ко демонстрира современа, високо ефикасна магацинска техника и опрема на MachTech & Innotech 2017
Вени и Ко учествуваше на специјализираниот меѓународен саем на машини, технологии и индустриска опрема MachTech Innotech 2017, кој се одржа од 4 до7 април во Интер Експо Центар /IEC/ во Софија. На присутните им беше дадена можност да се запознаат поблиско со произведуваната палета на магацински машини и магацински колички со марка VENI, да ги разгледаат последните иновации во производството на таква техника, користењето на високо ниво на опрема, како и соодносот помеѓу цената и квалитетот во споредба со светски производители од областа на техника за подигнување и транспорт.
2017-04-10Прочитај ја статијата
-
Кимекс испорача робот за заварување AM100IC7L-30B на Fanuc во производствената база на Старт Инженеринг
Робот за заварување модел AM100IC7L-30B, на светскиот лидер во индустриската роботизација Fanuc работи во производствената база на докажаната компанија Старт Инженеринг. Испораката и интеграцијата на роботот се од фирма Кимекс. Од Матичната канцеларија на Fanuc за Југоисточна Европа - Фанук Бугарија раскажаа повеќе пред BalkanEngineer.com за проектот и спецификите на индустрискиот робот.
2017-04-10Прочитај ја статијата
-
Вклучете се во пролетната кампања на WAGO и направете скулптура со специјалниот подарок!
WAGO Kontakttechnik, водечки производител на комплексни технички решенија во областа на електротехниката, електрониката, станбената и индустриската автоматизација, објави за своите клиенти атрактивна пролетна кампања, соопштија за BalkanEngineer.com од македонската канцеларија на компанијата ТП ВАГО Контакттехник ООД. „Во рамките на промоцијата, секој, кој купил комплет со целосен сет оригинални сплитер клеми WAGO-Profi, ќе добие подарок - две рекети за тенис на плажа“, изјавија од компанијата.
2017-04-07Прочитај ја статијата
-
Стоун Компјутерс: „Булгартел е наш доверлив добавувач на услуги за пренос на податоци“
Докажаниот телекомуникациски оператор Булгартел поседува сопствена мрежа за обезбедување на телекомуникациски услуги на корпоративни клиенти на Балканот и во Европа, меѓу кои други телекомуникациски фирми, интернет провајдери, системски интегратори и др. Меѓу нив е IT компанијата Стоун Компјутерс, која со години им се доверува на сигурните и професионални услуги на Булгартел. Повеќе за искуствата и работата помеѓу двете друштва ќе дознаете од овој материјал со коментари во BalkanEngineer.com!
2017-04-07Прочитај ја статијата
-
МаккаБ: Нови временски релеи Zelio Time - NFC на Schneider Electric, управувани без допир
Иновативни временски релеи кои се управуваат без допир, на светскиот лидер во областа на енергетиката Schneider Electric, веќе се нудат на вниманието на македонските специјалисти. „Временските релеи на францускиот производител служат за управување на едноставни циклични операции со фиксна логика во автоматизираните системи или како дополнување на индустриски програмабилни контролери. Новите NFC релеи од палетата Zelio Time се првите производи од оваа категорија во светот кои имаат можност да се управува без допир“, соопштија од фирма МаккаБ ДООЕЛ, партнер на Шнајдер Електрик.
2017-04-07Прочитај ја статијата
-
Запознајте се со Wilo EMUport - иновативното решение на Wilo за отпадни води
Зачувувањето на водните ресурси преку развивање на решенија за одведување на отпадните води е меѓу приоритетните активности на водечката германска компанија во областа на пумпните системи Wilo. „Современите пумпи треба да работат со се поагресивна вода при максимални димензии на цврстите честички, а во исто време да обезбедуваат висока ефикасност и ниска потрошувачка на електрична енергија“, коментираа од Wilo Претставништво Скопје пред BalkanEngineer.com. Сите овие барања ги задоволува иновативната фекална пумпна станица (ФПС) Wilo EMUport, систем целосно подготвен за монтажа.
2017-03-13Прочитај ја статијата
-
Платформски вилушкар на Вени и Ко ќе го олеснува комисионирањето на нарачки во меѓународна компанија
Вени и Ко, водечка компанија во областа на машиноградбата, разработи прототип на платформски вилушкар -комисионер (Order-picker) KH.ORp 0515, информираа за BalkanEngineer.com од компанијата. „Опремата е наменета за комплетирање/комисионирање на клиентски нарачки од сталажни системи со висина до 3,5 m, распоредени на голема површина во затворени магацини, на цврста, рамна и сува површина“, појаснија од централната канцеларија на компанијата. Вилушкарот - комисионер е со носивост од 500 kg, максимална брзина на движење од 15 km/час.
2017-03-10Прочитај ја статијата
-
Лазатек: Filtermist ги подобрува своите услови во корист на крајниот потрошувач
Докажаната инженеринг компанија Лазатек која на Балканот ги нуди техниката и техничките решенија на водечкиот англиски производител на системи за филтрирање Filtermist International, објави пред BalkanEngineer.com важни информации за своите клиенти. „Filtermist се гордее дека тесно соработува со корисниците, за да обезбеди услуга на највисоко можно ниво. Затоа компанијата ги ревидира своите стандардни гарантни услови и презентира подобрени услови за испорака со кратки рокови“, соопштија од седиштето на Лазатек.
2017-03-09Прочитај ја статијата
-
Информации за модернизираната Ethernet мрежа на Булгартел веќе и во електронската книга на компанијата
Докажаниот телекомуникациски оператор Булгартел ја дополни содржината на својата онлајн книга за актуелни вести, соопштија за BalkanEngineer.com од Булгартел Скопје ДООЕЛ. Во виртуелното издание достапно на бугарски и англиски јазик за сите корисници на интернет, Булгартел презентира интересни и корисни информации за специфичноста на својата дејност и услугите кои ги нуди на пазарот. Во електронската книга на Булгартел се избрани интересни факти за интернетот во канцеларијата и совети за тоа како да се избере вистинскиот провајдер за конкретните деловни потреби.
2017-03-08Прочитај ја статијата