Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Кимекс испорача робот за заварување AM100IC7L-30B на Fanuc во производствената база на Старт Инженеринг

10 april 2017

In Bulgarian.

 

Робот за заварување модел AM100IC7L-30B, на светскиот лидер во индустриската роботизација Fanuc работи во производствената база на докажаната компанија Старт Инженеринг. Испораката и интеграцијата на роботот се од фирма Кимекс. Од Матичната канцеларија на Fanuc за Југоисточна Европа - Фанук Бугарија раскажаа повеќе пред BalkanEngineer.com за проектот и спецификите на индустрискиот робот.

 

 

„Роботот од тип AM100IC7L-30B е специјализиран за апликации за заварување“, коментира инж. Валентин Тенев од Фанук Бугарија. „Моделот е актуелен и се користи нашироко. Во кооперација со производители на опрема за заварување, софтверот на роботот се ажурира со цел вклучување на нови функции за автоматизација на процесите и олеснување на поставките преку интерактивен дисплеј“, сподели уште тој.

 

Следната генерација на докажаниот модел на ARC Mate на Fanuc веќе е на пазарот. „Наследник на популарниот и високо оценуван свој претходник ARC Mate 100iC/12, тој е првиот од неколку нови модели, кои постепено ќе бидат пуштени на пазарот", коментира инж. Тенев.

 

 

ARC Mate 100iD постигнува повисоки брзини на оските за оптимизирана производителност. Новиот ARC Mate вклучува целосно ново и интегрирано кабелско рутирање, со што се намалува времето на чекање и оптимизирање на неговиот работен век. „Корисниот товар е повторно дванаесет килограми, што е најдобрата референца во неговата класа - доволно за типични горилници за заварување, но и за дополнителна алатна обработка", категорични се од Фанук Бугарија.

 

Новиот робот се одликува со значително проширена работна зона. „Во прилог на неговата аксијална брзина која е највисока во својата класа, новиот ARC Mate 100iD е со подобрена неподвижност и повторливост за попрецизни апликации. Со новите роботи на Fanuc електролачното заварување веќе е многу поефикасно“, изјавија во заклучокот од Фанук Бугарија.

 

 

Старт Инженеринг – централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1220 ул. "Локомотив" бр. 3

Телефон: 00359 2 936 03 73, 00359 2 931 60 65, 00359 898 690 666

E-mail: office@starteng.com

 

Фанук – Централна канцеларија за Југоисточна Европа

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

       

 

Извор на фотографии: Кимекс, Фанук Бугарија

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »