Решенија
-
СолТех: Зошто Индустрија 4.0 доаѓа со своите предизвици, но и со нови можности и шанси за развој на човечкиот интелект?
Користењето на роботи е широко распространето во индустријата, но во последниве години трендовите покажуваат дека користењето и потребата од ваква техника веќе сериозно навлегува и во услужниот сектор. Во новата реалност местото на роботизацијата и модерната технологија е неизбежен дел од овој нов мега тренд кој е белег на Industry 4.0 и развојот на Интернет на нештата (IoT). Јапонија, Кина, САД и Германија се водечки во имплементирањето на хуманоидни роботи во хотели, продавници и ресторани и една од главните причини за ова е дека на тој начин драстично се намалуваат трошоците за персонал.
2017-03-06Прочитај ја статијата
-
Рапид Прогрес го објави своето ново партнерство со македонската компанија Актива Инженеринг
Докажаната компанија Рапид Прогрес, која развива активност во областа на индустриските софтверски решенија, го информира BalkanEngineer.com за своето ново партнерство во Македонија. „Навлегувањето на Рапид Прогрес во Македонија зема замав, со гордост можеме да објавиме дека таму веќе имаме уште еден значаен партнер и тоа е Актива Инженеринг, со седиште во Штип“, коментираа од компанијата. „Фирмата е една од водечките и реномирани компании во алатната индустрија. Таа располага со компетентен менаџмент и квалификуван персонал во сите фази на производството“, изјавија од Рапид Прогрес.
2017-03-06Прочитај ја статијата
-
Уникатни роботи на Fanuc вградени во фабрики на Mauer Locking Systems во Бугарија и Холандија
Mauer Locking Systems (MLS) е бугарско-германско-холандски конзорциум, специјализиран во секторот на системи за заклучување. За да се зголеми продуктивноста на фабриките во Холандија и соседна Бугарија, фирмата инвестира во оптимизација и модернизација на производствена опрема преку високотехнолошки индустриски роботи Fanuc од инженеринг компанијата Trade Meister. Во производствената база на MLS - Холандија е интегриран 6-оскен робот на Fanuc, а за фабриката на MLS - Бугарија е проектиран и изработен линеарен робот.
2017-02-17Прочитај ја статијата
-
Големи намалувања на производи што се располагање во магацинот и многу подароци ги очекуваат клиентите на фирма Лазатек
Докажаната европска компанија Лазатек, која развива активност во областа на алатните машини со CNC, објави за своите клиенти специјални понуди за различни производи што се во магацин. "Направете му подарок за вашето производство сега, на почетокот на новата 2017 година, купувајќи некој од нашите производи со големи попусти", соопштија за BalkanEngineer.com од централната канцеларија на компанијата за регионот.
2017-02-17Прочитај ја статијата
-
Рапид Прогрес: Fender го преобрази производствениот свет на гитари со 3D-софтвер на SolidWorks
Fender е водечки светски производител на жичени инструменти, вклучувајќи електрични, акустични, бас -гитари, како и засилувачи за нив. Од своето основање во 1946 година досега компанијата има изградено репутација на електрични гитари со едно од најдоброто звучење во светот. Од фирма Рапид Прогрес покажуваат за BalkanEngineer.com еден пример како користењето на решенијата на SolidWorks води до оптимизирање на производството на легендарните инструменти.
2017-02-17Прочитај ја статијата
-
Старт Инженеринг: Меѓу реализираните од нас проекти е когенерационен систем на друштво за дистрибуција на топлинска енергија во
„Инженерските активности кои нашите екипи ги вршат, практично ги покриваат сите клучни фази при работата на големите индустриски проекти“, раскажуваат од Старт Инженеринг. Компанијата нуди истражувачки работи и анализи, развој на идејни, технички и детални работни проекти, испорака на уреди, опрема и градежни материјали. Пред BalkanEngineer.com од докажаната инженеринг фирма споделуваат за еден од своите големи индустриски проекти реализирани во последните години.
2017-02-17Прочитај ја статијата
-
WAGO разработува нов контролер со универзален интерфејс Profibus DP
WAGO ја прошири фамилијата контролери PFC200 со нов Profibus уред со интерфејс DP, соопштија за BalkanEngineer.com од македонската компанија која ги нуди производите на докажаниот германски производител - Компјунет инженеринг. Компактниот контролер веќе може да собира и обработува податоци од различни учесници во индустриска средина преку мрежата Profibus. Производот обезбедува брза комуникација со сензорите и извршните механизми на различни машини и опрема.
2017-02-15Прочитај ја статијата
-
MаккаБ ДООЕЛ: Altivar Process на Schneider Electric - фреквентни конвертори, ориентирани кон сервисни функции
Главните задачи при оптимизација на водоснабдувањето и одводот на отпадните води се намалување на потрошувачката на електрична енергија, зголемување на ефикасноста и намалување на оперативните трошоци. Затоа секоја нова опрема мора да има јасно изразени предности кои ги гарантираат овие основни барања. „Фреквентните конвертори Altivar Process на Schneider Electric се уреди со вградени интелигентни функции за енергетски менаџмент“, соопштија за BalkanEngineer .com од фирма МаккаБ ДООЕЛ, која ги нуди производите на Schneider Electric на македонскиот пазар.
2017-02-15Прочитај ја статијата
-
Автоматизација во фабрика за автоделови на Delphi во САД со роботи Toploader на Fanuc
Во индустрија за милијарди долари секундите можат да чинат скапо. Кога водечкиот светски производител на делови за автомобилската индустрија Delphi решава да ја подготви својата фабрика во град Вандалија, САД за идните деловни предизвици, донесена е одлука дека е неопходен целосно автоматизиран систем за вадење на готовите делови од формите за пресување. И решението доаѓа од Fanuc! Како светскиот лидер во автоматизацијата и помага на фабриката на Delphi да ги исполни своите производствени цели, за BalkanEngineer.com раскажуваат од Фанук Бугарија ДООЕЛ.
2017-01-20Прочитај ја статијата
-
Булгартел ја прошири и обнови својата рбетна Ethernet мрежа
Докажаниот телекомуникациски провајдер Булгартел оствари миграција на уредите од својата рбетна Ethernet мрежа со свичови од повисока класа, соопштија за BalkanEngineer.com од Булгартел Скопје ДООЕЛ. Новите свичови дадоа можност за зголемување на сигурноста на услугите, поголем капацитет и обезбедување на MPLS услуги низ целата земја и во странство. Новите комутатори се со голем број на 10 Gbps портови и подржуваат MPLS протокол. Од Булгартел Скопје прецизираа дека се заменети сите комутатори во рбетната мрежа на телекомуникацискиот оператор.
2017-01-20Прочитај ја статијата