In Bulgarian.
Во индустрија за милијарди долари секундите можат да чинат скапо. Кога водечкиот светски производител на делови за автомобилската индустрија Delphi решава да ја подготви својата фабрика во град Вандалија, САД за идните деловни предизвици, донесена е одлука дека е неопходен целосно автоматизиран систем за вадење на готовите делови од формите за пресување. И решението доаѓа од Fanuc! Како светскиот лидер во автоматизацијата и помага на фабриката на Delphi да ги исполни своите производствени цели, за BalkanEngineer.com раскажуваат од Фанук Бугарија ДООЕЛ.
Производствената линија на фабриката во Вандалија вклучува 11 роботи, монтирани на шини, доставени од Fanuc, чија намена е да работат над 1500-тонските машини за обликување, плус 5 колонски роботи, исто така доставени од Fanuc кои работат на 3000-тонски форми за пресување.
За постигнување на целосна автоматизација Fanuc го користи докажаниот портал робот со подвижен крак Toploader, монтиран на хоризонтална шина. Неговото конструктивно решение е со ротирачки оски за утовар/истовар и придвижување на автомобилските делови, како и линеарни оски за репозиционирање со цел симулација на човечки движења околу транспортерот.
По интервенцијата на Fanuc во фабриката на Delphi процесот на вадење и преместување на деловите од машините за обликување веќе е целосно автоматизиран. Роботите од палетата Toploader се користат за истовар на автомобилски врати. Вертикалните роботи пак вадат големи внатрешни панели за врати, како и парчиња текстил и облоги.
По инсталирањето на новите роботи вадењето на еден дел од 1500-тонската форма за пресување веќе трае само 5.5 секунди. За споредба операцијата пред модернизацијата се вршела за 13 секунди. Зголемена е и прецизноста на работата. „Тоа значи висока стабилност и повторливост на циклусот на обликување и производство на делови со уште повисок квалитет“, додадоа во заклучокот од Фанук Бугарија.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Извор на фотографии: Фанук Бугарија ДООЕЛ