In Bulgarian. In Romanian. In Serbian.
Главните задачи при оптимизација на водоснабдувањето и одводот на отпадните води се намалување на потрошувачката на електрична енергија, зголемување на ефикасноста и намалување на оперативните трошоци. Затоа секоја нова опрема мора да има јасно изразени предности кои ги гарантираат овие основни барања. „Фреквентните конвертори Altivar Process на Schneider Electric се уреди со вградени интелигентни функции за енергетски менаџмент, преку кои се обезбедува намалување на оперативните трошоци на трифазни синхрони и асинхрони мотори со моќност од 0.75 kW до 1,5 MW во индустриска и куќна примена“, соопштија за BalkanEngineer .com од фирма МаккаБ ДООЕЛ, која ги нуди производите на Schneider Electric на македонскиот пазар.
Фреквентните конвертори Altivar Process се дизајнирани да одржуваат континуиран технолошки процес, при што го управуваат самиот процес, а не моторот. Нивниот иновативен енергетски дел, проширените комуникациски можности и услужни функции овозможуваат мониторинг, дијагностика и управување со потрошувачката на електрична енергија.
Altivar Process не само ја зголемуваат ефикасноста, но и ја подобруваат безбедноста и сигурноста на инсталациите. „Со нив се постигнува до 20% намалување на застоите, дополнително намалување на трошоците за 8% во споредба со стандардните погони, како и до 50% намалена потрошувачката на електрична енергија наспроти директните моторни погони“, коментираа од македонската компанија.
Серијата фреквентни конвертори Altivar Process се компактни уреди со вградени интелигентни функции за енергетски менаџмент, преку кои се гарантира намалување на оперативните трошоци на трифазни синхрони и асинхрони мотори во индустриска и куќна примена. „Тие придонесуваат за постигнување на максимална ефикасност и гарантирано го оптимизираат технолошкиот процес", додадоа во заклучокот од МаккаБ.
Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: 032/277 171; 032/608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, град Скопje, Ацо Шопов 28 (во кругот на фабриката Карпош)
Телефон: 02/3233727; моб. 072/310300; 075/397235
E-mail: makkab_office@yahoo.com
Извор на фотографии: МаккаБ, Schneider Electric