Решенија
-
Маккаб ДООЕЛ: Одмрзнете ја зимата со саморегулаторни кабли на Heat Trace
Зимата е омилена сезона за сите, кои ги сакаат зимските предизвици. Кога сепак, изненадувачки лизгалиштето се покаже пред нашата врата, скалите однадвор се претвораат во непремостлива пречка. Или, пак, ако од покривот висат остри како ножеви мразулци, прекрасната зимска бајка одеднаш може да се претвори во вистински хорор филм. „Многу од овие проблеми можат лесно да најдат решение со грејните кабли на англискиот производител Heat Trace“, коментираа за BalkanEngineer.com од фирма МаккаБ ДООЕЛ, која ги нуди производите на Heat Trace на македонскиот пазар.
2017-01-19Прочитај ја статијата
-
СолТех: За универзалните роботи и колаборативни роботи на Universal Robots
Водечкиот производител на роботи и комплетни роботски системи Universal Robots пред 8 години го продаде својот прв колаборативен робот или како што беше наречен - кобот. При тоа многу пред терминот за оваа класа роботи да се здобие со популарност во светот на роботизацијата и автоматизацијата, раскажуваат за BalkanEngineer.com од фирма СолТех ДООЕЛ, официјален претставник за Македонија на компанијата. „Пазарот на колаборативни роботи, кој веќе е со 50% раст за 2016 година е сегментот со најбрз развој од индустриската роботика. Очекувањата се тој да обезбеди глобални приходи од 3 милијарди долари до почетокот на 2020 година“, споделија уште од компанијата.
2017-01-18Прочитај ја статијата
-
Вени и Ко со успешно извршена нарачка за испорака на вилушкари со заштита од експлозии во Полска
Докажаниот европска производител Вени и Ко успешно исполни нарачка за изработка и испорака на 26 вилушкари со рачно управување со изведба за заштита од експлозии за потребите на воена единица во Полска, соопштија за BalkanEngineer.com од друштвото. „Тендерот беше добиен во услови на сериозна конкуренција со водечките европски производители и финализиран во крајот на ноември“, појаснија од фирма Вени и Ко. Предмет на добиената нарачка е изработката и испораката на вилушкари со рачно управување со изведба за заштита од експлозии (Ex proof) со носивост 1200 kg и висина на подигнување 1.5m.
2017-01-17Прочитај ја статијата
-
Wilo Претставништво Скопје: Total E-Quality е меѓу одликувањата со кои групацијата Wilo беше наградена во текот на годината
Годината што помина беше повеќе од успешна за докажаниот германски производител на пумпи и пумпни решенија Wilo. Компанијата го прошири својот бизнис кон држави на Блискиот Исток и доби голем број престижни награди, кои се признание за квалитетот на нејзините производи и услуги и за препознатливоста на брендот. Меѓу наградите на Wilo во 2016 година сепак, има една која не се однесува до квалитетот на употребените технологии и производите на компанијата. Која е оваа награда и со што е посебна, раскажуваат за BalkanEngineer.com од Wilo Претставништво Скопје.
2017-01-16Прочитај ја статијата
-
Стругови и центри на Samsung Machine Tools нуди фирма Лазатек
Етаблираната компанија која развива активност во сферата на металорезачките машини - Лазатек, го најави за BalkanEngineer.com своето партнерство со индустрискиот лидер SMEC - Samsung Machine Tools. „Во рамките на меѓународниот форум EMO 2015 во Милано за прв пат имавме можност да ги видиме во живо струговите и центрите со CNC, понудени од светскиот производител Samsung. Нашите инженери останаа фасцинирани од високиот квалитет и прецизноста на овие машини“, раскажаа од друштвото. SMEC нуди богато портфолио од стругове и центри со CNC со две, три и повеќе оски, вертикални машини, машини за дупчење и опрема за нив.
2016-12-15Прочитај ја статијата
-
Лесно и интуитивно програмирање на контролери PFC200! COCKPIT од WAGO
Водечката германска компанија WAGO Kontakttechnik разработи нова софтверска алатка е!COCKPIT, погодна за програмирање на контролери од серијата PFC200, соопштија за BalkanEngineer.com од македонскиот партнер на компанијата. „Со e!COCKPIT, WAGO претставува алатка која под форма на интегрирана програмска средина за проектирање го помага развојот на комплетни решенија за автоматизација“, коментираа од Компјунет инженеринг. Новиот инженерски софтвер е! COCKPIT е базиран на софтверот за програмирање CodeSys 3.
2016-12-14Прочитај ја статијата
-
Старт Инженеринг е меѓу добитниците на годишното рангирање на Комората на градежниците
Фирмата Старт Инженеринг беше наградена на годишното рангирање на Комората на градежниците во Бугарија (КСБ) во категоријата за градби од енергетската инфраструктура, споделија од компанијата пред BalkanEngineer.com. Церемонијата на доделувањето на награди се одржа за време на традиционалниот бал по повод „Денот на градителот“. Настанот се одржа во Софија Хотел Балкан и присуствуваа претставници на државната и локалните власти како и претставници од над 300 водечки градежни фирми.
2016-12-13Прочитај ја статијата
-
CAD + CAM систем на Esprit и SolidWorks со до 40% попуст од цената од Рапид Прогрес
Фирма Рапид Прогрес ДООЕЛ која нуди разновидност на CAD, CAM, CAE, PDM системи, како и решенија за CNC комуникации (DNC и MDC), од страна на водечки европски програмери, објави за своите клиенти ексклузивнен предлог. „Во периодот до 31 јануари 2017 година комбинирајте ESPRIT CAD/CAM систем со SOLIDWORKS и заштедете до 40% од крајната цена на производите или купете само еден од производите со големо намалување“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата. ESPRIT е високо производителен, со широк спектар CAD/CAM систем за управување на целиот спектар на машини со CNC.
2016-12-12Прочитај ја статијата
-
Fanuc Европа со нов претседател и извршен директор
Шиниџи Танзава е новиот претседател и главен извршен директор (CEO) на Fanuc Европа - докажан снабдувач на CNC машини, роботи и технологија за индустриска автоматизација, соопштија за BalkanEngineer.com од регионалниот центар за Југоисточна Европа на компанијата. Како претседател и директор, тој презема одговорност за целокупната активност на фирмата на територијата на стариот континент. Господин Шиниџи Танзава поседува долгогодишно искуство во фирмата - за периодот 1992 година - 1995 година тој ја зазема должноста CFO (главен финансиски директор) на Fanuc Europe, а од 2000 до 2008 година тој е CFO на Fanuc Corporation.
2016-11-21Прочитај ја статијата
-
ВИДЕО: Вени и Ко - симбол на квалитет, сигурност и висока ефикасност кај магацинската опрема
Вени и Ко е докажан европски производител на магацински машини и опрема, вклучително на помошни средства кои ја елиминираат или ја олеснуваат физичката работа при работа во магацини и вршење на активности за утовар и истовар. „Следејќи ги најновите трендови во гранката, ние се стремиме кон постојано усовршување и подобрување на квалитетот и сигурноста на понудените од нас производи. Со користење на комплетирање на основни јазли и компоненти од водечки европски и светски добавувачи гарантираме највисоко можно техничко ниво на произведената техника и опрема“, изјавија за од фирмата Вени и Ко.
2016-11-19Прочитај ја статијата