In Bulgarian.
Годината што помина беше повеќе од успешна за докажаниот германски производител на пумпи и пумпни решенија Wilo. Компанијата го прошири својот бизнис кон држави на Блискиот Исток и доби голем број престижни награди, кои се признание за квалитетот на нејзините производи и услуги и за препознатливоста на брендот. Меѓу наградите на Wilo во 2016 година сепак, има една која не се однесува до квалитетот на употребените технологии и производите на компанијата. Која е оваа награда и со што е посебна, раскажуваат за BalkanEngineer.com од Wilo Претставништво Скопје.
Германската асоцијација Total E-Quality, иницијатор и движечка сила на иницијатива со истото име, од 1996 година вложува напори за обезбедување на еднакви можности за мажите и жените во бизнисот. „Од три години асоцијацијата секоја година доделува признанија за претставниците на бизнисот, во кои таа еднаквост е факт“, раскажаа од Wilo Претставништво Скопје.
Компаниите, наградени со оваа награда успешно и одржливо создале и имплементирале услови за еднакви можности за својот персонал во рамките на својата организациска структура. Докажаниот производител и испорачател на пумпни решенија за индустријата и домаќинствата Wilo стана носител на престижната награда Total E-Quality за 2016 година, уште при тоа своето прво учество.
„Проблемот со еднаквите можности е од исклучителна важност за нашата компанија“, го коментира одликувањето д-р Патрик Ниир, менаџер за персонал на групацијата Wilo. „Ние сме горди со оваа награда, бидејќи таа ги потврдува нашите напори за праведно управување со персоналот ориентирано кон работникот“ рече тој.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Орце Николов, 101 / Локал 3
Телефон: +389 02 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Извор на фотографии: Wilo, Wilo Претставништво Скопје