In Bulgarian. In Romanian.
Шиниџи Танзава е новиот претседател и главен извршен директор (CEO) на Fanuc Европа - докажан снабдувач на CNC машини, роботи и технологија за индустриска автоматизација, соопштија за BalkanEngineer.com од регионалниот центар за Југоисточна Европа на компанијата. Како претседател и директор, тој презема одговорност за целокупната активност на фирмата на територијата на стариот континент.
Господин Шиниџи Танзава поседува долгогодишно искуство во фирмата - за периодот 1992 година - 1995 година тој ја зазема должноста CFO (главен финансиски директор) на Fanuc Europe, а од 2000 до 2008 година тој е CFO на Fanuc Corporation. Неговите нови обврски се насочени кон зголемување на директната поддршка на Fanuc Japan со цел подобрување на конкурентноста на производите и сервисот во Европа, како и кон зголемување на задоволството на клиентите, објаснија од регионалниот центар на Fanuc за Југоисточна Европа.
Претходниот претседател и главен извршен директор на Fanuc Европа - Олаф Герелс, ја напушти фирмата по долгогодишна успешна кариера. Тој е вработен во 1994 година како инженер за развој во лабораториите на Fanuc Japan. Во 2003 година станува претседател и главен извршен директор на Fanuc Robotics Europe, а во 2012 година - претседател и СЕО на Fanuc Europe.
„Под неговото водство Fanuc постигна неверојатен раст во услови на силна конкуренција на европскиот пазар. Fanuc Corporation срдечно му се заблагодари за посветеноста и придонесот за просперитетот на компанијата во Европа и му посакува идни лични и професионални успеси“, изјавија уште од регионалниот центар на Fanuc.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Извор на фотографии: Регионален центар на Fanuc за Југоисточна Европа, Fanuc