Мултиинженеринг е инженерска фирма која работи во областа на машиноградбата. Таа е специјализирана за конструирање и изработка на транспортни ленти, транспортери и целосни транспортни системи изработени од челик и нерѓосувачки челик.
Мултиинженеринг постепено го проширува обемот на своето производство со конструирање и производство на специјализирани машини и детали. Нејзин приоритет е нестандардната опрема и нејзиниот главен пазарен сектор се прехранбената и лесната индустрија.
Фирмата е добро позната во браншата и нејзината техничка база одговара на највисоките современи барања и има сè што е потребно за превенција, сервисирање и поправка на транспортни системи. Овој правец од својот бизнис компанијата го развива успешно во последниве години и веќе може да се пофали со висок квалитет на понудените услуги и докажана долгорочна соработка со странски партнери.
Во Бугарија, Мултиинженеринг има два големи производствени капацитети - во главниот град Софија и во градот Велико Трново.