Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Фина и мазна глазура за вашето производство? Мултиинженеринг може да ја изработи соодветната опрема

03 september 2019

In Bulgarian   In Romanian

 

Повторно сме на вкусна тема, повторно ќе разговараме за колачиња, глазури, кикиритки, итн. Сакаме да споделиме со вас некој мошне вкусен и летен рецепт за мајсторски десерт, но вистината е дека за да можеме да уживаме во сите слатки работи, има луѓе – инженери кои ја измислија технологијата, алатките и машините со кои тие ќе бидат подготвени. Затоа повторно свртуваме поглед кон бугарската компанија ЕТ Мултиинженеринг, која се етаблира со своите уникатни решенија во прехранбената индустрија. Еве каква е една од нејзините разработки...

 

„На еден наш клиент му беше потребен систем кој да ја филтрира глазурата од кикириките што паднале во неа. Друг услов беше системот да се интегрира со машината за нанесување на глазура. Нашиот тим се справи со проектирањето и изработката на опремата“, коментираа за BalkanEngineer.com од Мултиинженеринг.

 

Системот е составен од буфер сад и две пумпи со загревање на вода за да се испорача филтрирана глазура до машината за нанесување на глазура и да се врати искористената глазура за филтрирање. „Максималниот проток на пумпите е 4000 кг на час глазура. Буфер садот е со водена обвивка со сопствено загревање, а неговиот капацитет од околу 400 киограми глазура или околу 300 литри“, објаснија од компанијата за машиноградба.

 

 

Инсталацијата се вклопува совршено во производната линија, благодарение на прецизните детали за кои се погрижија инженерите од тимот на бугарската компанија. Еве дел од тајната за совршено мазната глазура:

 

 - Протокот на пумпите, како и температурата во водената обвивка се прилагодливи;

 - Глазурата се влева во буфер садот преку сито од нерѓосувачки челик со отвори 4 x 4 милиметри;

 - Системот е опремен со вибратор;

 - Кикириките се одвојуваат автоматски.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1784, бул. „Цариградско шосе“ 72 (БАН-ЦПР, НПО)

Телефон: +359898 523 739, +359 884 924 272, +359 2/875 21 09

Е-пошта: multiengineering@gmail.com;  office@multiengineering-bg.com

 

Филијала Велико Трново:

Телефон: +359 888 372 116

Е-пошта: multiengineering@gmail.comoffice@multiengineering-bg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: ЕТ Мултиинженеринг, pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »