Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Мултиинженеринг: Алуминиумските профили на Paletti се докажано применливо решение во индустријата, логистиката и домот

23 march 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

„Алуминиумските профили се стандардни компоненти кои се користат при градбата на машини, транспортни системи, транспортери со ролери, заштитни огради, работни станици, линеарни модули со и без погон, опремување на работни простории, како и во други специјални примени. Ние сме официјален претставник на германската компанија Paletti Profilsysteme, која е специјализирана за производство на алуминиумски конструктивни профили и елементи за поврзување со висок квалитет и повеќе области на примена“, коментираа специјалистите од водечката инженеринг компанија Мултиинженеринг.

 

 

„Алуминиумските профили имаат технички спецификации кои им овозможуваат да се прилагодат на секаков тип на површина. Нивната флексибилна употреба ги прави применливи како во домашни, така и во канцелариски простории и производства. Палетата на производи што ја нудиме вклучува производи од следните категории: елементи за поврзување, модули за линеарни преместувања, како и елементи и готови модули за изградба и опремување на простории“, објаснија од компанијата.

 

Елементи за поврзување

 

Мултиинженеринг нуди повеќе од 50 различни типови на елементи за поврзување проектирани за изградба на крути или зглобни врски.

 

„Разновидноста на производите ви дава можност да го изберете соодветниот агол на поврзување, во зависност од големината и видот на оптоварувањето. Асортиманот што го нуди компанијата го вклучува речиси секој вид на аголни врски - со сокриена, тесна, широка, квадратна или права на извлекување“, објаснија од производствената компанија.

 

Модули за линеарни преместувања

 

„Модулите се карактеризираат со лесна монтажа која се остварува директно на профилите. И широката разновидност на големини и опции за изведба ви овозможува да го направите оптималниот избор за конкретната намена. Варијациите во комбинацијата на погонски уреди, ширини на ременот и должини на количката обезбедуваат различни специфични оптоварувања, брзини и забрзување“, додадоа специјалистите.

 

Елементи и готови модули за изградба и опремување на простории:

 

- Алуминиумски профили и уреди за изградба на затворени простории во погони – лесни за монтажа и демонтажа;

- Готови модули со мрежа за заштитни огради со различна висина и ширина - усогласени со европските стандарди за безбедни работни услови;

- Елементи за хоризонтално и вертикално лизгачки врати, шарки, брави и друго

 

 

„Производите што ги нудиме се со докажан германски квалитет. Тие се користат секаде каде што се бара прецизност и голема носивост. Понудите ви даваат голем избор на компоненти, модули и системи за автоматизација. Нашите услуги вклучуваат исто така изработка и проектирање на разни видови конструкции од алуминиумски профили. Оваа активност се остварува на барање на клиентот и е прилагодена на неговите потреби и барања. Исто така, доколку се работи за специфични димензии, би можеле да ги искористите вештините на нашите специјалисти за кроењето на профили“, објаснија од инженерската фирма.

 

Предностите на алуминиумските профили на германската компанија се:

- Минимално време за конструирање;

- Минимално време за монтажа;

- Минимизирање на грешките во секоја фаза;

- Компактна  конструкција која зафаќа мала производствена површина;

- Чиста работа без специјални алатки;

- Флексибилност на конструкцијата - можност за дополнителен развој и промена;

- Повторно користење на компонентите;

- Отпорност на корозија;

- Атрактивен дизајн.

 

 

Области на примена на профилите на Paletti Profilsysteme

 

Издржливите алуминиумски профили и системските решенија се погодни за широк спектар на индустрии, вклучувајќи:

- Автомобилска индустрија;

- Магацини, материјални и транспортни бази, логистички центри;

- Машиноградба;

- Автоматика;

- Воздухопловна индустрија;

- Градба;

- Енергетика;

- Тест инженеринг;

- Одбранбени технологии;

- Медицински технологии;

- Наука и друго.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1784, бул. „Цариградско шосе“ 72 (БАН-ЦПР, НПО)

Телефон: +359 89 852 3739  

Е-пошта: multiengineering@gmail.com;  office@multiengineering-bg.com

 

Филијала Велико Трново:

Телефон: +359 88 837 2116 

Е-пошта: multiengineering@gmail.comoffice@multiengineering-bg.com

 

Повеќе информации за ЕТ Мултиинженеринг слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: Мултиинженеринг, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »