In Bulgarian.
Fender е водечки светски производител на жичени инструменти, вклучувајќи електрични, акустични, бас -гитари, како и засилувачи за нив. Од своето основање во 1946 година досега компанијата има изградено репутација на електрични гитари со едно од најдоброто звучење во светот. Од фирма Рапид Прогрес покажуваат за BalkanEngineer.com еден пример како користењето на решенијата на SolidWorks води до оптимизирање на производството на легендарните инструменти.
Во голем дел од својата историја Fender ги произведува рачно своите гитари. „Со своето проширување компанијата интегрира проектантски и производствени технологии во традиционалните процеси и методи за постигнување на поголема ефикасност, како и во одговор на побарувачката на пазарот“, коментираа од фирма Рапид Прогрес, која е овластен дистрибутер на производите на Dassault Systèmes SolidWorks за Бугарија и Македонија.
Во текот на многу години Fender користи алатки за проектирање AutoCAD 2D, но купувањето на брендот на гитари Jackson во 2002 година води до посложени предизвици во однос на геометријата.
Fender избира SolidWorks CAD софтвер првично за дизајнот на гитарите Jackson и Fender Stratocaster, а веќе и за сите производи на компанијата. Производителот ги дефинира како негови предности лесната работа, проширените функционалности и добрата интеграција со CAM прилозите. „Благодарение на тоа проектирањето и производството на гитари успешно премина од рачна изработка во автоматизирано производство при зачувување на високиот квалитет", појаснија уште од фирмата.
„Решението да се користи 3D софтвер на SolidWorks за автоматизирање на проектирањето и производството на гитари на Fender води до намалување на времето за производство за 20%, редуцирање на времето за конструирање на грифови на гитари со 30% и елиминација на многу секундарни операции“, изјавија од Рапид Прогрес во заклучок.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Благоевград 2700, пл. „Г. Измирлиев“ 5, Научно-технически сојузи, канцеларија 101
Телефон: 00359 899 691 234
Е-mail: info@rapidprogress.eu
Извор на фотографии: Рапид Прогрес, SolidWorks