In Bulgarian. In Romanian. In Serbian.
Вени и Ко, водечка компанија во областа на машиноградбата, разработи прототип на платформски вилушкар -комисионер (Order-picker) KH.ORp 0515, информираа за BalkanEngineer.com од компанијата. „Опремата е наменета за комплетирање/комисионирање на клиентски нарачки од сталажни системи со висина до 3,5 m, распоредени на голема површина во затворени магацини, на цврста, рамна и сува површина“, појаснија од централната канцеларија на компанијата.
Вилушкарот - комисионер е со носивост од 500 kg, максимална брзина на движење од 15 km/час и рачен погон на управувачот, со опција за серво управување.
„За постигнување на саканата висина, ракувачот користи помошни прагови, интегрирани во кабината на возачот, а преземањето или поставувањето на товарите од/на транспортната платформа се извршува рачно“, објаснија од Вени и Ко.
Разработката е по нарачка на меѓународна компанија која се занимава со производство на високо - технолошки фендери за пловни садови. „Се очекува одобрување за прототипот, за да биде стартувана целата нарачка“, додадоа уште од компанијата.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, 1505 Софија, ул. "Кутловица" 51-53
Телефон: 00 359 2/946 13 93; 00 359 886 858 321
E-mail: info@veni-bg.com
Извор на фотографии: Вени и Ко