In Bulgarian.
Зачувувањето на водните ресурси преку развивање на решенија за одведување на отпадните води е меѓу приоритетните активности на водечката германска компанија во областа на пумпните системи Wilo. „Современите пумпи треба да работат со се поагресивна вода при максимални димензии на цврстите честички, а во исто време да обезбедуваат висока ефикасност и ниска потрошувачка на електрична енергија“, коментираа од Wilo Претставништво Скопје пред BalkanEngineer.com. Сите овие барања ги задоволува иновативната фекална пумпна станица (ФПС) Wilo EMUport, систем целосно подготвен за монтажа.
Концептот на пумпна станица Wilo EMUport е се заснова на Wilo пумпите со канални работни кола чии параметри се значително подобри во однос на енергетска ефикасност, штедат енергија, обезбедуваат безбедна и сигурна работа и одржување. „Надворешната шахта како и сите заварени шавови се изработени од термопластичен полиетилен. Тоа е еколошки чист и отпорен материјал кој за разлика од бетонските шахти кај кои со тек на време се забележува пропуштање на влага, е безбеден од корозија“, појасни производителот.
Работата на Wilo EMUport е континуирана и автоматски наизменична со двете пумпи, заштитени од навлегувањето на цврсти елементи во нив. Системот за претходно одвојување на цврстите честички се испорачува заедно со пумпи, шахта, дистрибутивни цевки, неповратни (топчести) вентили, затворачки шибер вентили, осветлување, скали и вентилација.
Wilo EMUport наоѓа примена кај пумпни станици со висока влажност, со долги цевки под притисок, во заштитени подрачја, национални паркови и туристички дестинации. Се нуди во различни изведби.
Во следново видео можете да го видите принципот на работа на иновативната канализациска пумпна станица Wilo EMUport.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Орце Николов, 101 / Локал 3
Телефон: +389 02 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Извор на фотографии: Wilo Претставништво Скопје, Македонија