Информации за модернизираната Ethernet мрежа на Булгартел веќе и во електронската книга на компанијата

2017-03-083 мин.

In Bulgarian.

 

Докажаниот телекомуникациски оператор Булгартел ја дополни содржината на својата онлајн книга за актуелни вести, соопштија за BalkanEngineer.com од Булгартел Скопје ДООЕЛ. Во виртуелното издание достапно на бугарски и англиски јазик за сите корисници на интернет, Булгартел презентира интересни и корисни информации за специфичноста на својата дејност и услугите кои ги нуди на пазарот.

 

Во електронската книга на Булгартел се избрани интересни факти за интернетот во канцеларијата и совети за тоа како да се избере вистинскиот провајдер за конкретните деловни потреби. На прашањата за овие теми одговара г-ѓа Мадлен Ангелова, комерцијален директор на друштвото. Виртуелниот прилог содржи исто така и факти за развојот на услугите на компанијата во различни точки на земјата.

 

 

Најновото дополнување на онлајн прилогот е вест, посветена на проширувањето и обновувањето на рбетната Ethernet мрежа на Булгартел. „Миграцијата на уредите од мрежата со свичови од повисока класа обезбедува поголема сигурност и квалитет, како и поголем капацитет и обезбедување на MPLS услуги низ целата земја и во странство“, изјавија од телекомуникацискиот провајдер.

 

Виртуелната книга на Булгартел, која се дополнува и ажурира постојано, можете да најдете ТУКА.

 

Булгартел Скопје ДООЕЛ e телекомуникациски оператор кој поседува сопствена мрежа за обезбедување на телекомуникациски услуги на територијата на Балканскиот Полуостров и Европа. Производствените решенија на друштвото се насочени особено кон три сегменти од пазарот: услуги за корпоративни клиенти, за телекомуникациски оператори, интернет провајдери, системски интегратори и други, како и за меѓународни оператори.

 

Булгартел ЕАД - централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, 1113 Софија, ул. „Тинтјава“ бр. 13 Б

Телефон: 00359 2 819 40 40

Е-mail: office@bulgartel.bg

 

Булгартел Скопje ДООЕЛ

Адреса: Македониjа, 1000 Скопjе, ул. Димо Хаџи Димов, бр. 38 локал 2

Телефон: 00389 72 221714

Е-mail: skopje@bulgartel.bg

 

 

Извор на фотографии: Булгартел Скопје ДООЕЛ