За организацијата
Булгартел Скопје е подружница на телекомуникацискиот оператор Булгартел, поседува сопствена мрежа за обезбедување на телекомуникациски услуги на територијата на Бугарија, Балканскиот полуостров и Европа.
Булгартел Скопје обезбедува телекомуникациски услуги на територијата на Република Македонија и соседните земји, вклучувајќи ги Косово, Албанија и други. Друштвото напорно работи во насока на проширување на мрежата во правец Албанија, Србија и Црна Гора.
Портфолиото на подружницата целосно се совпаѓа со палетата од телекомуникациски услуги на Булгартел. Услугите на компанијата се ориентирани и специјално прилагодени кон три сегменти од пазарот: услуги за корпоративни клиенти, услуги за телекомуникациските оператори и ISP, како и услуги за меѓународни оператори.
Фирмата има реализирано меѓународни поврзувања на две независни траси во правец Турција и Романија, а во правец Западна Европа се достапни четири независни траси - две во Романија, една во Србија и една во Македонија.
Контакти
- Име на компанија: Булгартел Скопје ДООЕЛ
- Веб-страница: http://bulgartel.bg/page/23
Адреса: Бугарија, 1113 Софија, ул. „Тинтјава“ бр. 13 Б
Телефон: +359 2 819 4040
Е-mail: office@bulgartel.bg
Булгартел Скопje ДООЕЛ
Адреса: Македониjа, 1000 Скопjе, ул. Димо Хаџи Димов, бр. 38 локал 2
Телефон: +389 72 221 714
Е-mail: skopje@bulgartel.bg