Булгартел ја проширува својата DWDM мрежа и ќе ги израдува клиентите со пренос на податоци од Nx100 Gbps

2017-09-083 мин.

In Bulgarian.

 

Водечкиот провајдер на телекомуникациски услуги, Булгартел планира да ја прошири својата DWDM мрежа, објавија за BalkanEngineer.com од компанијата. „Подобрувањето на DWDM мрежата е со цел да се обезбеди 100 Gbps ламбда. Нашите клиенти сега ќе можат да користат услуги за пренос на податоци со капацитет Nx100 Gbps во земјата и во странство“, додадоа уште од Булгартел Скопје ДООЕЛ.

 

 

Реорганизираната преносна мрежа на друштвото ќе ја покрие потребата од сигурни големи брзина и уникатни траси во насока Балканот - Западна Европа и ќе одговори на растечките потреби на клиентите на компанијата.

 

Во својство на современа телекомуникација, Булгартел нуди висококвалитетни и сигурни услуги преку својата  национална оптичка мрежа во Македонија, а во партнерство со други меѓународни оператори фирмата ја покрива практично секоја точка во светот.

 

Услугите на компанијата се наменети и ориентирани кон три пазарни сегменти:

- Корпоративни клиенти;

- Телекомуникациски оператори и IPS;

- Меѓународни оператори.

 

Булгартел обезбедува широк спектар на стандардни услуги; национални, меѓународни и транзитни врски; ориентирани кон клиентите, нестандардни решенија и пакет услуги. „Нудиме висококвалитетен бизнис интернет за мали, средни и големи корпоративни клиенти, директна поврзаност помеѓу различни точки на присуство, телефонија со гарантиран квалитет со многу поволни цени, колокација, како и различни атрактивни пакет услуги со цел максимално задоволување на специфичните потреби на корисниците“, појаснија во заклучок од компанијата.

 

 

Булгартел ЕАД - централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, 1113 Софија, ул. „Тинтјава“ бр. 13 Б

Телефон: 00359 2 819 40 40

Е-mail: office@bulgartel.bg

 

Булгартел Скопje ДООЕЛ

Адреса: Македониjа, 1000 Скопjе, ул. Димо Хаџи Димов, бр. 38 локал 2

Телефон: 00389 72 221714

Е-mail: skopje@bulgartel.bg

 

 

Извор на фото материјал: Булгартел, pixabay.com