Интернет за канцеларија без обврзување – што претставува и со што ни е корисен?

2017-07-123 мин.

In Bulgarian.

 

Брзиот и сигурен пренос на податоци преку интернет е од особено значење за секој бизнис. Како една од најмасовно користените услуги, пристап до бизнис-интернет нудат голем број на оператори. Што претставува оваа услуга, кои се нејзините параметри, на кого му е потребна таа, пред BalkanEngineer.com раскажува Мадлен Ангелова, комерцијален директор на телекомуникацискиот провајдер Булгартел Скопје ДООЕЛ, кој ја нуди услугата за македонскиот бизнис.

 

Госпоѓо Ангелова, што претставува услугата „Бизнис-интернет без обврзување“? 

 

Бизнис-интернет е стандардна услуга понудена од Булгартел Скопје, насочена кон фирмите, вклучително такви со неколку канцеларии во земјата и во странство. Таа им обезбедува на клиентите пристап до Интернет кон сите мрежи со гарантирана брзина. Кон неа се вклучува и обезбедување на јавни IP адреси од IPv4 и/или IPv6 простор за адреси.

 

Со какви параметри се карактеризира и кои се нејзините главни предности?

 

Услугата е со заеднички капацитет од 100 Mbps оптички пристап до Интернет. Таа може да биде активирана од територијата на целата земја, како и во канцелариите на клиентот во странство. Меѓу нејзините главни предности е и големата флексибилност, овозможувајќи лесна промена на нејзините параметри. Дополнителен плус е обезбедување од Булгартел Скопје на професионална поддршка 24/7/365, како и можноста клиентите да ја пробат, без да се врзуваат со долгорочен договор.

 

За кого е наменета?

 

Бизнис-интернетот е погоден за корпоративни клиенти од било која големина. Особено погоден е кога клиентот планира да ја премести неговата канцеларија наскоро или отвора привремена канцеларија, или до моментот до кој е потребна канцеларијата. Многу погодна е и за клиенти, кои не сакаат поврзување со фиксен период, кои сакаат да се чувствуваат слободни од гледна точка на долгорочни трошоци. Можете да добиете бесплатна консултација и промотивна цена во канцелариите на Булгартел Скопје.

 

Булгартел ЕАД - централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, 1113 Софија, ул. „Тинтјава“ бр. 13 Б

Телефон: 00359 2 819 40 40

Е-mail: office@bulgartel.bg

 

Булгартел Скопje ДООЕЛ

Адреса: Македониjа, 1000 Скопjе, ул. Димо Хаџи Димов, бр. 38 локал 2

Телефон: 00389 72 221714

Е-mail: skopje@bulgartel.bg

 

 

Извор на фотографии: BalkanEngineer.com