Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Стоун Компјутерс: „Булгартел е наш доверлив добавувач на услуги за пренос на податоци“

07 april 2017

Докажаниот телекомуникациски оператор Булгартел поседува сопствена мрежа за обезбедување на телекомуникациски услуги на корпоративни клиенти на Балканот и во Европа, меѓу кои други телекомуникациски фирми, интернет провајдери, системски интегратори и др. Меѓу нив е IT компанијата Стоун Компјутерс, која со години им се доверува на сигурните и професионални услуги на Булгартел. Повеќе за искуствата и работата помеѓу двете друштва ќе дознаете од овој материјал со коментари во BalkanEngineer.com!

 

Стоун Компјутерс е водечки системски интегратор со над 20-годишна историја и искуство на бугарскиот ИКТ пазар. „Булгартел е наш доверлив добавувач на услуги за пренос на податоци. За целите на некои наши услуги е потребна директна поврзаност меѓу канцеларии на клиенти по алтернативни траси кои обезбедуваат висока сигурност и безбедност на пренесување на информации ", кажаа од IT фирмата.

 

„Секој ден ние им помагаме на нашите клиенти да се справат со секојдневните предизвици пред нив, при што изградуваме иновативни и ефикасни ИТ решенија“, објаснија од Стоун Компјутерс.

 

„Ние поврзуваме високо квалитетни производи со нашата висока експертиза, за да изградиме најефикасните бизнис решенија кои се справуваат со IT предизвиците со кои корисниците се соочуваат секој ден“, додадоа уште тие.

 

 

Соработката меѓу нив и Булгартел, како нивен сигурен партнер и добавувач, продолжува над 5 години, во кои тие успеале да остварат обострани деловни односи, базирани на коректност и хармонија меѓу тимовите.

 

„Партнерството со Булгартел е исклучително плодотворно за нас, бидејќи повеќето клиенти бараат од нас сеопфатно решение. Како провајдер на услуги во „облак“ успеваме да го обезбедиме преку нивната поддршка за изградба на мрежна поврзаност од секаков тип до различни локации. Така клиентите работат директно со само една компанија“, коментираа во заклучокот од IT друштвото.

 

Булгартел ЕАД - централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, 1113 Софија, ул. „Тинтјава“ бр. 13 Б

Телефон: 00359 2 819 40 40

Е-mail: office@bulgartel.bg

 

Булгартел Скопje ДООЕЛ

Адреса: Македониjа, 1000 Скопjе, ул. Димо Хаџи Димов, бр. 38 локал 2

Телефон: 00389 72 221714

Е-mail: skopje@bulgartel.bg

 

 

Извор на фотографии: Булгартел, Стоун Компјутерс

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »