Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Мега Инженеринг: Располагаме со потребната технолошка опрема за производство на електрични табли

08 june 2017

In Bulgarian.

 

Докажаната инженеринг фирма Мега Инженеринг располага со технички и технолошки можности за изработка на метални електрични табли, ормани, сталажи, кутии од челик и нерѓосувачки челик, дозна BalkanEngineer.com. „Благодарение на расположливата технолошка опрема можеме да ги извршиме сите операции поврзани со изработката на овој вид опрема. На овој начин им нудиме на нашите клиенти современ, сигурен производ кој ги задоволува сите барања“, информираа од централната канцеларија на компанијата.

 

 

За развојот на оваа дејност Мега Инженеринг користи сопствена техничка опрема за производство на метални производи, како и линија за прашкасто боење. Компанијата располага со CNC преса за означување и сечење на отвори, која дава можност за сечење на метални лимови со дебелина до 3 mm; две CNC хидраулични апкан преси за виткање на листови од лим со дебелина до 8 mm и до 3100 mm ширина“, појаснија од компанијата. Фирмата има и две машини за сечење на метални листови - гилотини, со должина на ножот соодветно 3100 mm и 2100 mm, овозможувајќи сечење на метални лимови со дебелина до 10 mm.

 

 

Технолошката опрема на Мега Инженериг вклучува уште конвеер од 20 чекори за прашкасто боење на метални површини. На него можат да бидат обоени производи со максимални димензии: должина 4000 mm, ширина 1200 mm и висина 1.600 mm. „Благодарение на иновативните производи и технологии кои се користат во нанесувањето на полимерни прашкасти премази, нашиот краен производ има високи технички показатели и атрактивна цена“, изјавија од компанијата.

 

 

Проектираните и изработени од фирмата електрични табли се користат за автоматизација и управување со процеси во сите индустриски области и се произведени во согласност со најстрогите европски стандарди за квалитет.

 

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, град Хасково 6300, ул. „Јужна“ бр. 18, Јужна индустриска зона /во непосредна близина на Донидо/

Телефон: 00359 38/664 458; 00359 38/664 461; 00359 887 046 425

E-mail: secretar@megaeng.com

 

 

Извор на фотографии: Мега Инженеринг ДОО

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »