Претставништвото на водечкиот германски производител Wilo во Македонија претстави уште еден атрактивен производ. Циркулационите пумпи на Wilo од серијата Yonos ECO BMS се погодни за циркулациони системи за греење, системи за ладење од затворен тип, климатски и индустриски циркулациони системи. Конструкцијата на пумпите е со воден ротор со навојни приклучоци. Повеќе за предлогот на Wilo ќе дознаете од следниот материјал на BalkanEngineer.com.
Куќиштето на иновативната пумпа е со катафорезна заштита против корозија при формирање на кондензат и со ЕС мотор со автоматско прилагодување на моќноста. Куќиштето на пумпата е опремено и со термоизолациона обвивка, а благодарение на компактните димензии Yonos ECO BMS е лесна за монтажа. „Присуството на Wilo конектор овозможува брзо поврзување без алатки. Постојат различни режими на работа, како и можност за поврзување на системот за централизирана автоматизација на зградата“, истакнаа од претставништвото на Wilo во Скопје.
Освен тоа пумпите Yonos ECO BMS можат да се пофалат со импресивни технички карактеристики, меѓу кои индексот за енергетска ефикасност (EEI) ≤ 0.20. Температурата на работниот флуид е во опсег од -10 ° C до +110 °C (при максимална температура на околината +25 °C). Пумпите се наменети за работа при електрично напојување 1 ~ 230 V, 50/60 Hz и максимален работен притисок 10 bar. Тие поседуваат степен на заштита IP 44 и се достапни во две варијанти на навојна врска - Rp 1 и Rp 1¼.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Орце Николов, 101 / Локал 3
Телефон: +389 02 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Извор на фотографии: Wilo Претставништво Скопје