In Bulgarian. In Serbian.
Фирма Лазатек, докажан испорачувач на алатни машини и опрема за нив, повторно имаше успешно учество на големиот саем MachTech & InnoTech што се одржа во деновите од 4 до 7 април 2017 година во Интер Експо Центар во Софија. За време на настанот компанијата го истакна своето ново партнерство со тајванскиот производител Tongtai Machine Tools, а меѓу експонатите на нејзиниот штанд за прв пат беше прикажан висококвалитетен вертикален обработувачки центар VP-8.
„Tongtai Machine Tools е еден од најголемите концерни во Тајван, специјализиран за производство на дребонзи и глодалки“, раскажа пред екипата на BalkanEngineer.com инж. Георги Дончев, менаџер на „Продажби“ во Лазатек.
„Обработувачкиот вертикален центар на Tongtai обезбедува стабилна и прецизна обработка, висока продуктивност и ефикасност, како и одличен сооднос цена -квалитет. Машината е опремена со транспортер на струшките, кулер на вретеното, електричен орман со присилна вентилација, трансформатор, рачен импулсивен генератор, воздушен пиштол, тробојна сигнална сијалица, осветлување на работната зона, прирачници за работа, завртки и јазичиња за нивелирање, комплет од рачни алатки и др.“, објасни специјалистот.
Обработувачкиот центар е стандардно опремен со стабилен и брз алатен комплет. Времето од алатка до алатка е 2 секунди, а од струшка до струшка е 3,6 секунди. Вретеното е со директно споен мотор кој обезбедува висока прецизност, ниски вибрации, долг живот и лесно одржување, додаде г-дин Дончев.
Посетителите на штандот имаа можност да се запознаат уште со целосен сет на филтри за маслена магла на Filtermist и со мноштвото од производи на фирма Samchully Machinery.
Место меѓу експонатите најдоа и уред за додавање на шипка на италијанската компанија Top Automazioni, како и богата палета на машински алатки на фирма Century Precision.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: 003592/936 72 61
E-mail: info@lazatec.com
Извор на фотографии: BalkanEngineer.com