Лазатек ДООЕЛ е друштво со дејност ремонт и модернизација на алатни машини со CNC, имплементација на технологии за обработка на детали на алатни машини со CNC, гарантно и пост - гарантно сервисирање, испорака на нови алатни машини и опрема.
Фирмата поседува долгогодишно искуство и докажани традиции во областа на сервисната дејност. До овој момент таа извршила и се уште врши ремонт, модернизација и сервисирање на стотици машини, како на македонски, така и на странски клиенти. Заедно со обновата на стари машини, компанијата нуди и нови високо прецизни алатни машини и опрема, при што ја испорачува опремата до производните хали на клиентот, обезбедува инсталација, пуштање и обука на персоналот за ракување, една година гаранција на машините и двегодишна гаранција на дигиталните системи за управување. Моментално Лазатек се преориентира и поинтензивно ги насочува своите напори кон испорака на пакети за CNC машини.
Фирмата ги нуди во Македонија, како и на Балканот производите на својот долгогодишен партнер, докажаниот јужнокорејски производител на пакети за CNC машини – Samchully Machinery. Лазатек ги нуди во Македонија, како и на Балканот уште техниката и техничките решенија на турската фирма Sarigol Conveyor, како и на јужнокорејскиот гигант Hanwha.