Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Лазатек: Filtermist решава проблем со маслената магла во компанијата Expert Tooling and Automation

15 november 2016

In Bulgarian.

 

Британската компанија Expert Tooling and Automation (ET & A) успешно примени решение на докажаниот производител на филтри за маслена магла Filtermist кои обезбедуваат висок квалитет на воздухот во континуирани производства. „Кога при ET&A се појави проблем со квалитетот на воздухот, таа им се обрати на Filtermist за овој предизвик“, споделија за BalkanEngineer.com од фирмата Лазатек која ги нуди производите на Filtermist во Македонија.

 

 

ET&A имплементира обработувачки центар со две колони, кој ги зголемува нејзините производствени можности. Набрзо по неговото пуштање во употреба е утврдено дека количеството маслена магла во воздухот е повисоко од порано. Компанијата им се обрати на Filtermist за наоѓање на причината и за решение за проблемот.

 

„Експертите на Filtermist го посетија ET&A на самото место и препорачаа како најефикасно и економски погодно решение инсталирањето на два филтри за маслена магла FX7002 во комбинација со специјално проектирана воздушна завеса која го насочува загадениот воздух во насока нагоре кон делот за вшмукување од аспираторот“, раскажаа од фирмата Лазатек.

 

 

Обработувачкиот центар е машина од отворен тип, односно маглата од течноста за ладење поминува во околниот воздух и создава очевидни проблеми. Решението треба да овозможи неговото брзо пуштање и користење според намената. Екипата на Filtermist ги монтира двата филтри FX7002 директно кон обработувачкиот центар и ја стави воздушната завеса на спротивниот крај на машината за да се ограничи воздушниот проток во рамките на одредена зона.

 

„Филтрите FX7002 на Filtermist се проектирани да обработуваат воздушно струење до 2750 m³/час без да заземаат драгоцен поден простор. Во комбинација со воздушна завеса и аспиратор тие се во можност да обезбедат висока ефикасност при отстранување на загадувачите. Така проблемот со маслена магла во ET&A e успешно решен“, изјавија во заклучок од Лазатек.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22

Телефон: 003592/936 72 61

E-mail: info@lazatec.com

 

 

Извор на фотографии: Лазатек, Filtermist

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »