In Bulgarian
Основана во 1996 година, компанијата Maxmill Machinery е специјализирана во проектирањето и производството на вертикални центри за обработка. „Од своето основање Maxmill им обезбедува на своите клиенти сигурни машини за постигнување на висока производителност, прецизност на обработката и одличен квалитет на производството. Среќни сме да објавиме дека веќе има инсталиран вертикален центар за обработка од серијата Cruiser на Maxmill и во Бугарија“, соопштија за BalkanEngineer.com од фирма Лазатек ДООЕЛ, која од минатата година е партнер на тајванската компанија во Македонија.
Квалитетот е водечки принцип во производството на центри за обработка на Maxmill. „Тоа се обезбедува преку строга контрола на квалитет во секоја фаза од производствениот процес. Точните машински тестови за прецизност и квалитет на обработката се изведуваат во работни услови кои ги исполнуваат највисоките стандарди. Машините на Maxmill се сертифицирани во согласност со барањата на ISO 9001, JIS, DIN, UL, CSA и CE“, појаснија од фирма Лазатек.
Серијата Maxmill Cruiser вклучува вертикални центри со универзална намена. Дизајнот на моделот VMC-855 се одликува со одличен конструктивен сооднос, при што главните одлеаноци имаат ребра за постигнување на поголема сигурност. Ваквата конструкција ефикасно го продолжува работниот век на машината и обезбедува стабилен температурен режим и дополнителен ефект на амортизација.
Главните делови на машината, како основата, колоната и санката, се произведени од високо квалитетен легурен лив, кој обезбедува максимална стабилност, минимална деформација и сигурност во текот на целиот работен век.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: 003592/936 72 61
E-mail: info@lazatec.com
Извор на фото материјал: Лазател ДООЕЛ, Maxmill