Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Орбико - Македонија

Орбико - Македонија

http://www.orbico.com.mk/

Орбико Македонија е макро дистрибутер на производи за подмачкување Shell Lubricants на македонскиот пазар. Фирмата нуди широк спектар на производи за подмачкување Shell: висококвалитетни моторни, трансмисиски, хидраулични, редукторски, компресорски, турбински и други масла и масти кои помагаат за продолжување на животниот век на машините, зголемување на меѓу - ремонтниот ресурс и намалување на трошоците за одржување.

 

Производите за подмачкување на Shell се резултат на научно - истражувачки програми во кои Shell соработува со водечките производители на опрема, за да понуди најсоодветни масла и масти за соодветната примена.

 

Орбико нуди комплетни и сеопфатни бизнис решенија за продажба и дистрибуција, логистички услуги и маркетинг за голем број на различни индустрии и бизнис области, вклучително и во секторот на стоки со брз промет, козметиката, фармацијата, текстилот, тутунската индустрија, моторните масла и многу други.

Контакти

Адреса: Македонија, Скопје 1000, ул. Борис Трајковски бр. 286

Телефон: +389 2 279 2810

Факс: +389 2 279 2515

Е-mail: contact@orbico.com.mk 

Материјали за Орбико - Македонија

    • 18 november 2016Shell Gadus S3 V460 ги продолжи интервалите за повторно подмачкување со 333% во египетска металуршки компанија

      Користењето на соодветни мазива е од исклучително значење за долгиот и непречен работен век на секоја машина. Кога машината е голема, а производството - скапо, секоја минута застој може да доведе до сериозни финансиски загуби. Компанијата „Egyptian Iron & Steel“ произведува различни производи од челик. Долго време таа трпи високи производствени трошоци поради лоши карактеристики и ниска ефикасност на употребените мазива, раскажаа за BalkanEngineer.com од Орбико Македонија.

    • 13 october 2016Орбико: Во песоците на катарската пустина иновативна технологија на Shell произведува масла од природен гас

      Емиратот Катар е мала држава чија територија речиси целосно се зазема од сува карпеста пустина. Лоцирана врз едно од најголемите наоѓалишта на природен гас во светот, земјата е една од најбрзорастечките економии во светот и привлечен центар за моќни странски инвеститори. Меѓу нив е една од најголемите енергетски компании во светот - Shell. Токму во пустината на Катар, на 80 километри северно од главниот град Доха, од крајот на 2012 година својата целосна моќност отвора голем проект развиен од Shell - фабрика за производство на базни масла од природен гас.

    • 21 july 2016Масло на Shell ја зголемува производствената ефикасност на Шангајската железарница Baosteel Group

      Shell Lubricants помогна за решавање на сериозни технички проблеми на уште една производствена компанија, која има проблеми со изборот на оптимални мазива за својата опрема, соопштија за BalkanEngineer.com од фирмата Орбико која нуди производи за подмачкување на Shell Lubricants на македонскиот пазар. Компанијата, чија производствена активност била отежната со користењето на несоодветни масла е Шангајската корпорација која развива активност во областа на железарниците - Baosteel Group.

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »