In Bulgarian.
Користењето на соодветни мазива е од исклучително значење за долгиот и непречен работен век на секоја машина. Кога машината е голема, а производството - скапо, секоја минута застој може да доведе до сериозни финансиски загуби. Таков е и случајот со египетска металуршки компанија која им се обраќа на специјалистите на Shell Lubricants, раскажаа за BalkanEngineer.com од Орбико Македонија.
Проблемот: Кратки интервали помеѓу две подмачкувања и долги производствени прекини
Компанијата „Egyptian Iron & Steel“ произведува различни производи од челик. Долго време таа трпи високи производствени трошоци поради лоши карактеристики и ниска ефикасност на употребените мазива. Машината за леење се подмачкува со мазиво на 75 часа, што доведува до значителна загуба на продукција и ги зголемува трошоците. „И тука доаѓаат на помош Shell Lubricants“, раскажуваат од Орбико Македонија.
Решението: Високо вискозна маст Shell Gadus S3 V460
Shell ја препорачува базираната на минерално масло со висок вискозитет маст Shell Gadus S3 V460 со згуснувач литиум комплекс. Производот е препорачан поради неговата висока отпорност на измивање и неговото одлични однесување при постојани вибрации и удари, што го прави посебно погоден за активностите со високо оптоварување што се извршуваат во фабриката.
Резултатите: 333% подолг интервал помеѓу 2 подмачкувања што е еднакво на 2 688 000 долари
Преминувањето кон Shell Gadus S3 V460 EI & S ги продолжува интервалите помеѓу промената на маста на машината за леење со 333% - од 75 на 250 часови. Така се намалуваат трошоците за одржување и за мазиво, со што се зголемува времето за производствени активности.
„Вкупните годишни заштеди на EI & S, постигнати по преминот кон новото масло, изнесуваат 2 688 000 американски долари, главно поради намалување на производствените прекини“, коментираат во заклучокот од Орбико Македонија.
Адреса: Македонија, Скопје 1000, ул. Борис Трајковски бр. 286
Телефон: 00389 2 2 792 810
Факс: 00389 2 2 792 515
Е-mail: contact@orbico.com.mk
Извор на фотографии: Shell Lubricants, Орбико Македонија