Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Лазатек: Машините за глодање на запчаници Yunil обезбедуваат рентабилен производствен процес доведен до совршенство

02 june 2024

In Bulgarian   In Serbian

 

Веќе многу години, етаблираната компанија Лазатек успешно соработува со јужнокорејскиот производител на CNC машини за глодање на запчаници Yunil Gear Machinery (YG Tech), кој ги нуди моделите HERA и NEOPS. Лазатек обезбедува продажба, сервис и техничка поддршка за овие висококвалитетни CNC машински центри за обработка на метали. „Машините за глодање на запчаници Yunil се висококонкурентни производи на глобално ниво кои обезбедуваат поголема додадена вредност за корисниците, обезбедувајќи им можности за поефикасно и порентабилно производство“, коментираа за BalkanEngineer.com од Лазатек.

 

 

„Ова партнерство ни овозможува да ја зајакнеме конкурентноста на нашите понуди на производи како на бугарскиот пазар, така и во нашите соседни земји на Балканскиот полуостров“, изјавија од Лазатек.

 

Лазатек нуди широка палета на центри за глодање на запчаници со CNC HERA на YG Tech наменети за производство на запчаници со надворешни дијаметри до 39“. За мали запчаници, моделот HERA 30 обезбедува хоризонтално микро-глодање со унифицирани системи за автоматизација на детали со надворешни дијаметри до 1.575”. HERA 90 е хоризонтална глодалка за запчаници со унифициран портален систем за автоматизирано производство на детали со дијаметар до 3.937”. Палетата на машините за глодање на запчаници HERA вклучува уште и решенија за вертикално глодање, вклучително моделите HERA 150, 200, 350, 500 и 1000.

 

Фирмата, исто така, ја нуди новата палета на машини за глодање на запчаници NEOPS на YG Tech, кои се разработени специјално за да ги задоволат потребите на производителите на запчаници кои бараат решение за комбинирано внатрешно и надворешно глодање на запчаници користејќи т.н. скајвинг технологија. Серијата се нарекува NEO Power Skiving, или скратено NEOPS.

 

Глодањето на запчаници со внатрешни или надворешни цилиндрични или заби под агол се постигнува со користењето на иновативната скајвинг технологија, што е поспецијално погодно за оние запчаници за кои традиционално постојат строги барања за клиренсот. Во споредба со глодањето на запчаници со полжавна глодалка, скајвинг технологијата обезбедува пократко време на технолошкиот процес. Тоа значи дека машините од палетата NEO Power Skiving овозможуваат производство на запчаници со уште повисоко ниво на продуктивност и рентабилност. Тие гарантираат континуиран процес каде што алатот за сечење континуирано прави мали засеци, додека традиционалното глодање на заби со полжавна глодалка има неизбежни празни одови назад што ја намалуваат продуктивноста.

 

 

„Серијата машини за глодање на запчаници NEOPS вклучува две изведби- NEOPS 200 и NEOPS 400, кои се одликуваат со компактни димензии, поради што зафаќаат минимален простор, притоа обезбедувајќи максимална продуктивност“, додадоа уште од Лазатек.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: +359 2 936 7261
E-mail: info@lazatec.com

 

 

Извор на фотографии: Лазатек, YG Tech

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »