In Serbian In Bulgarian In Albanian
Кога менаџментот на Crittall Windows одлучуваат дека на компанијата и се потребни ефикасни колектори на маслена магла како дел од иницијатива за модернизација на нивните производствени процеси, тие се свртуваат кон друг докажан производител од Велика Британија - Filtermist. „Една година откако беше направена првичната нарачка за 12 филтер модули Filtermist, директорот за производство на Crittall - Дарен Џојс - споделува зошто инвестирал во отстранување на маслената магла со овие решенија и како тоа влијаело на квалитетот на воздухот во фабриката“, раскажаа за BalkanEngineer.com од етаблираната фирма Лазатек, која нуди производи на Filtermist.
По инсталирањето на модулите, компанијата видела како маслената магла која долги години влегувала во воздухот на производствените простории исчезнува од околината. „Здравјето и безбедноста на вработените отсекогаш биле наш приоритет број еден. Затоа најголемото подобрување е всушност отстранувањето на маслените пареи од воздухот што операторите го дишат околу машините. Тие повеќе не се таложат на нивната облека, на нивните лица, на нивните раце, на деталите и на подот. Нивните работни места се многу подобри и поздрави. Го видовме ова подобрување во нашите проверки на квалитетот на воздухот што ги спроведуваме секоја година и тоа се потврдува со постигнатите вредности“, вели Дарен Џојс.
„Другите придобивки се во однос на економичноста - одвоеното и рециклирано масло повторно се користи во некои од другите машини на компанијата. И сите знаеме дека течноста за ладење и лубрикантите за сечење не се воопшто евтини. Така, со помош на филтер модулите на Filtermist, се постигнува како поздрава животна средина и исто така се намалуваат трошоци и потрошувачката на енергија, бидејќи филтрите се користат само кога има потреба од нив“, додадоа уште од Лазатек.
Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: +359 2 936 7261
E-mail: info@lazatec.com
Извор на фотографии: Лазатек, Filtermist