In Bulgarian. In Serbian.
Успешниот дистрибутер на машински алатки на компанијата Leamington - Mills Manufacturing Technology, избра системи за филтрирање на маслена магла од Filtermist International за дополнување на својата нова палета на софистицирани центри за стругање и фрезовање со двојни кули. Во Македонија, решенијата на Filtermist ги нуди докажаната компанија Лазатек. Специјално за BalkanEngineer.com од Лазатек ДООЕЛ раскажаа детали за новото клучно партнерство на Filtermist.
Компанијата Mills користи системи за филтрирање на маслена магла на Filtermist повеќе од 20 години. „Filtermist ги инсталира уредите за фаќање на маслена масла во фабриката на Mills кон секоја машина, а потоа ја обезбедува нивната поддршка после продажбата. Напредните центрифугални системи на Filtermist ја отстрануваат маслената магла од воздухот со отстранување на маслото со ротациони перки. Маслото се собира и безбедно се враќа во машината за повторно користење, а чистиот воздух се враќа во атмосферата“, објаснија од Лазатек.
„Палетата на Filtermist од собирачи на маслена магла ќе биде составен дел од новите машини ТТ. Filtermist е поим за собирање на маслена магла. На сличен начин, луѓето прашуваат за Xerox, наместо за машина за копирање“, коментира Ник Фрамптон, оперативен директор во Mills.
Производствената дејност изобилува од фактори кои бараат употреба на поголема количина на средство за ладење. „Резултатот е генерирање на многу повеќе масло. Има потреба од масовна употреба на системи за филтрирање на маслена магла, кои се инсталирани директно на нејзиниот извор“, коментираа од Лазатек.
Filtermist ги одредува и инсталира колекторските модули за маслена магла со минимална интервенција од Mills. „Filtermist сигурно ги исполнува нашите очекувања во врска со инсталацијата, а нивните сервисни инженери брзо реагираат при итни случаи“, рече во заклучок англискиот добавувач.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: 003592/936 72 61
E-mail: info@lazatec.com
Извор на фото материјал: Лазател ДООЕЛ