In Bulgarian. In Serbian.
Top Automazioni е водечка италијанска компанија во производството на уреди за додавање на шипки, која поседува патент за разработување на автоматски систем, базиран на PLC. „На саемот ЕМО Hannover 2017 во Германија компанијата го презентира својот најнов производ – моделот „Infinity“, кој ќе се нуди на пазарот од 2018 година. Автоматскиот уред за додавање на шипки работи со дијаметри на шипката од ø3 мм до ø37 мм и може да биде изведен со должина од 2100 мм, 3200 мм, 4100 мм и 6100 м“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма Лазатек ДООЕЛ, официјален партнер и дилер на Top Automazioni.
Италијанската компанија е лидер во производството на уреди за додавање на шипки за работа со големи должини и дијаметри на шипките до ø100 мм. „Најновата разработка на Top Automazioni презентирана за време на овогодинешното издание на саемот, е единствениот од ваков вид уред за додавање на шипки на пазарот за голем опсег од дијаметри, што не бара замена на водечките елементи“, споделија од фирма Лазатек.
„За време на престижниот технички форум, компанијата, исто така, покажа уред за одведување на детали „Return Speed“ Применлив е за делови со дијаметри од ø10 мм до ø80 мм и должина од 200 мм до максимум 1500 мм. За новините од производствената палета на компанијата, како и за нејзината развојна стратегија ни раскажа г-дин Александар Кофлер, менаџер за продажба во Top Automazioni“, коментираа од Лазатек по средбата со своите партнери на ЕМО Hannover 2017.
Лазатек поседува долгогодишно искуство во основниот ремонт и модернизација на алатни машини со ЦПУ, имплементација на технологија за обработка на детали со алатни машини со ЦПУ, гарантно и пост- гарантно сервисирање, како и во испораката на нови алатни машини и опрема.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: 003592/936 72 61
E-mail: info@lazatec.com
Извор на фото материјал: Лазетек ДООЕЛ, EMO Hannover, Top Automazioni