Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Лазатек ја прошири својата производна палета со висококвалитетни дребонзи швајцарски тип на Nomura DS

03 september 2018

In Bulgarian   In Serbian

 

Фирма Лазатек ДООЕЛ докажан испорачувач на алатни машини и комплети за за нив, ја прошири својата обемна палета на производи со висококвалитетни дребонзи од швајцарски тип, производство на светски докажаниот јужнокорејски производител Nomura DS, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

Јужнокорејската компанија Nomura DS е основана во 1935 година и од самиот почеток нејзината активност е фокусирана на разработката и производството на дребонзи. Првично компанијата работи целосно на јужнокорејскиот пазар, но во 1964 година ја  проширува својата активност и излегува на светскиот пазар.

 

Во последните 20 години Nomura DS ги разработува своите машини, за да одговараат на се посериозните клиентски барања. Дребонзите се одликуваат со висока стабилност, постигната благодарение на користењето на т.н. структура „ластовичка опашка“ на надолжниот и попречниот супорт. Во прилог самото тело на машината е зајакнато со цел потиснување на вибрациите при работа. Прецизното рачно штелување на водилките и резервоарот за течност за подмачкување и ладење што е вграден во телото на машината од леано железо помагаат за постигнување на минимални температурни разлики при обработката на металите и соодветно водат до постигнување на висока прецизност при работа.

 

 

Производната палета на Nomura DS вклучува дребонзи за обработка на шипки со дијаметар од Ø3 mm до Ø38 mm. Машините се со едно или две вретена, со до 7 оски на управување и до 39 парчиња инструменти. Погодни се за производства во големи серии..

 

„Комбинирајќи ги дребонзите на Nomura DS со уреди за додавање на шипки од нашите партнери LNS или Top Automazioni, нашите клиенти добиваат систем со висока брзина и голема продуктивност за сериско производство на мали детали“, изјавија од Лазатек.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22

Телефон: 003592/936 72 61

E-mail: info@lazatec.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Лазатек ДООЕЛ, Nomura DS

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »