Решенија
-
Фабрика за стакло се напојува со фотоволтаичен систем на Филкаб Солар
Фабриката за стакло Инхом во град Белослав, Бугарија, е опремена со фотоволтаичен систем за напојување со моќност 50 kW, кој му обезбедува автономија од мрежата за дистрибуција на електрична енергија и резервно напојување за опремата. Проектот беше завршен во 2015 година од страна на докажаната компанија Филкаб Солар, специјализирана во областа на ОИЕ. „Со инсталацијата со моќност 54,6 kWp и можност за складирање на повеќе од 170 kWh значително се намалува ризикот од итни ситуации во фабриката како последица на прекин на надворешното напојување со електрична енергија“, коментираа за BalkanEngineer.com од МаккаБ ДООЕЛ, дел од групацијата Филкаб.
2017-10-04Прочитај ја статијата
-
Најнова генерација на опрема за мерење на тежина од Мари Бентц на Меѓународниот технички саем 2017
На крајот на септември, 73-тото издание на Меѓународниот технички саем во Пловдив, Бугарија, ги презентира најновите технолошки иновации во голем број области, вклучувајќи електроника и електротехника, машинство и автоматизација. Последна генерација управувачи за индустриски машини, роботи, техника за електрична опрема, софтвери и мерна опрема се само дел од експонатите кои го привлекоа интересот на многубројните посетители. Повеќе за учеството на компанија Мари Бентц, специјализирана во областа на техника за мерење на тежина, прочитајте во следните редови!
2017-10-03Прочитај ја статијата
-
Фондацијата Wilo со благородна кауза за поддршка на деца и младинци во Македонија
Во почетокот на 2011 година светскиот производител Wilo создаде своја добротворна фондација „Wilo-Foundation“ со цел да обезбедува финансиска поддршка во областа на науката, образованието, културата и спортот. Една од последните благородни каузи на фондацијата е поддршка на клуб „Lions District 132“, Македонија, во финансирањето на проектот „Soft Room“ на Институтот за рехабилитација на деца и младинци - Скопје. Организацијата доделува вкупен износ од 5.000 евра во 2017 година, со што се реновирани две детски соби.
2017-10-02Прочитај ја статијата
-
Булгартел ја проширува својата DWDM мрежа и ќе ги израдува клиентите со пренос на податоци од Nx100 Gbps
Водечкиот провајдер на телекомуникациски услуги, Булгартел планира да ја прошири својата DWDM мрежа, објавија за BalkanEngineer.com од компанијата. „Подобрувањето на DWDM мрежата е со цел да се обезбеди 100 Gbps ламбда. Нашите клиенти сега ќе можат да користат услуги за пренос на податоци со капацитет Nx100 Gbps во земјата и во странство“, додадоа уште од Булгартел Скопје ДООЕЛ. Реорганизираната преносна мрежа на друштвото ќе ја покрие потребата од сигурни големи брзина и уникатни траси во насока Балканот - Западна Европа.
2017-09-08Прочитај ја статијата
-
Новиот индустриски комутатор со 16 порти на WAGO гарантира мрежна безбедност
Трендот за мрежно поврзување во индустрискиот и градежниот сектор бара употреба на повеќе моќни комутатори со поголем број Ethernet порти. Следејќи го пазарниот развој и создавајќи сам технички решенија од иднината, светскиот лидер во развојот и понудата на решенија за електротехника, електроника, станбена и индустриска автоматизација WAGO Kontakttechnik презентира нов индустриски комутатор со 16 порти (852-1106). Тој е со висока густина на портите и мала ширина, соопштија за BalkanEngineer.com од ТП ВАГО Контакттехник ДОО.
2017-09-08Прочитај ја статијата
-
Солтех: Научете како да програмирате роботи само за 87 минути со бесплатната онлајн обука на UR Academy
Компанијата Universal Robots (UR), лидер на пазарот во областа на колаборативни роботи, создаде онлајн академија за програмирање на роботи Universal Robots Academy. Платформата вклучува различни практични модули за обука кои се бесплатни и отворени за секој, нудејќи интересни и практични интерактивни симулации, соопштија за BalkanEngineer.com од фирма СолТех ДООЕЛ, партнер на UR. UR академијата опфаќа 6 модули за обука со вкупно времетраење од 87 минути кои ја градат основната обука за програмирање на роботи на UR.
2017-09-07Прочитај ја статијата
-
ТиД Инженеринг реализира проект за рехабилитација на железничката пруга Пловдив-Бургас
Докажаната компанија ТиД Инженеринг ДООЕЛ, која извршува инженеринг во областа на енергетиката, електротехниката, електрониката и индустриската автоматизација, учествува во реализацијата на проектот за рехабилитација на железничката инфраструктура на Бугарија во делници од пругата Пловдив - Бургас, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата. Нарачувач на проектот е Државното претпријатие „Национална компанија железничка инфраструктура“ (ДП „НКЖИ“), а вредноста на договорот е во износ од над 19,5 милиони лева со ДДВ.
2017-09-07Прочитај ја статијата
-
Адара Инженеринг: Вакуумска опрема на Busch специјално дизајнирана за процесите за обработка на пластика
Стотици илјади пластични производи се произведени врз основа на современи технологии со високи перформанси кои бараат континуирано подобрување на опремата. Токму таквата опрема во областа на вакуумската технологија ја нуди и германскиот производител на вакуумски решенија Busch. „Во богатото портфолио на Busch е достапна опрема за сите методи за обработка на пластика, вклучувајќи мешање, екструдирање, топлинско формирање, леење под притисок и рециклирање“, изјавија за BalkanEngineer.com од докажаната компанија Адара Инженеринг.
2017-09-06Прочитај ја статијата
-
Лазатек: Filtermist е поим за фаќање и отстранување на маслена магла
Успешниот дистрибутер на машински алатки на компанијата Leamington - Mills Manufacturing Technology, избра системи за филтрирање на маслена магла од Filtermist International за дополнување на својата нова палета на софистицирани центри за стругање и фрезовање со двојни кули. Во Македонија, решенијата на Filtermist ги нуди докажаната компанија Лазатек. Специјално за BalkanEngineer.com од Лазатек ДООЕЛ раскажаа детали за новото клучно партнерство на Filtermist. Filtermist ги инсталира уредите за фаќање на маслена масла во фабриката на Mills кон секоја машина, а потоа ја обезбедува нивната поддршка после продажбата
2017-09-06Прочитај ја статијата
-
Метрото во Дубаи е опремено со канализациони пумпни системи за одвојување на талозите EMUport на Wilo
Дубаи е дестинација која восхитува со својот просперитет. Највпечатливи се не само изградбата на згради, но и вкупните урбанистички решенија. Метрото во Дубаи на пример е целосно автоматизирано, дури се движи без возач. Ако ѕирнеме зад фасадата на сјајните архитектонски и инженерски достигнувања, ќе видиме дека за да функционира правилно мрежата на метрото и да обезбедува удобност и хигиенски услови на корисниците, се потребни повеќе од 600 пумпи. Сите пумпни капацитети во мрежата на метрото во Дубаи се доставени и инсталирани од Wilo.
2017-08-11Прочитај ја статијата